Веќе сме во празнично расположение и наредните денови ќе бидат исполнети со дружење со семејството и роднините. За најдобро да го искористите тоа време и да постигнете добра комуникација со членовите на семејството и роднините, издвојуваме неколку совети што ќе ви помогнат да уживате во добра енергија на велигденската трпеза. Со украсување на ентериерот создајте простор што предизвикува чувство на просторност. Од мебел, доволни се маса, столови и комода за чување садови и чаршафи. На тој начин фокусот останува на храната и комуникацијата. Преголеми маси, огромни комоди и полици го привлекуваат вниманието кон себе. Предметите направени од природни материјали придонесуваат за удобно и релаксирачко чувство во собата.
Обликот на масата е важен, а најдобра е октагонална или тркалезна маса. Столовите треба да бидат удобни, со целосен потпирач за грбот и, ако е можно, потпирачи за раце. Бројот на столчиња дефинитивно треба да биде парен. Користете убави и релаксирачки слики што прикажуваат природа или храна за декорирање на ѕидовите. Часовниците не се пожелни во овој дел од станот, бидејќи нѐ потсетуваат на времето и што треба да правиме, а на празничната трпеза не треба да размислуваме за обврски туку да уживаме со семејството.
Огледалото го одразува она што ја промовира благосостојбата во нашиот дом. Покрај огледалото, пожелно е во средината на масата да поставите сад со овошје. Вазна со пролетни шарени цветови дополнително ќе ја разубави празничната атмосфера на велигденската трпеза и ќе ги направи празниците поквалитетни и попријатни.