Домување

Летните температури се во полн ек, но кога сакате да уживате на терасата, во градината или на патување, мувите сигурно ќе ве вознемируваат. Причината е едноставна – топлото и сончево време е идеално за овие досадни инсекти, а храната на отворено силно ги привлекува. Ако правите скара или вечерате надвор, мора да се справите со овие предатори.
Луѓето ги пробуваат сите можни трикови за да се ослободат од нив. Нова идеја неодамна се појави на Тикток и ја сподели мајката на три деца Џејми Елмо, која им порача на луѓето да „заборават на сите други решенија од типот на направи сам“.
Според неа, сè што треба да направите е да набавите дискотопка, онаа што е покриена со огледалца. Ставете ја на сончево место во дворот, каде што ќе ја фаќа и рефлектира светлината. Овој необичен метод, според Џејми, навистина ги одбива мувите – а изгледа кул.