Фото: Пиксабеј

Домување

Досега веќе е докажано дека алуминиумската фолија е еден од најдобрите помагачи во домаќинството. Освен што често ја користиме во кујната за да ги заштитиме јадењата или да ги приготвиме, овој предмет има толку многу различни намени што секој ден откриваме нешто ново. Неодамна наидовме на нов совет на порталот „Апартман терапија“ за тоа како да ја користите алуминиумска фолија за да ги држите несаканите посетители подалеку од вашиот дом.
Како што наведуваат на порталот, поставувањето алуминиумска фолија пред влезната врата од вашиот дом ќе ве спаси од многу грижи. Овој совет ќе биде покорисен за оние што живеат во куќи и имаат двор или градина. Не е невообичаено што во таква средина има многу мачки што трчаат наоколу, наоѓаат место во близината на вашиот дом каде што се сместуваат, вршат нужда или дури знаат да влезат во вашата куќа.
Со едноставно поставување алуминиумска фолија пред влезот, можете да ги одвратите мачките од посета на вашата куќа. Потребно е само да поставите парче фолија на стап во форма на знаме и да го поставите овој изум некаде до вратата. Познато е дека мачките се плашат од необични звуци, а звукот што фолијата го испушта додека се движи на ветрот им е крајно непријатен. Покрај тоа, тие ќе бидат одбиени од рефлексијата на светлината на алуминиумската фолија.
Во оваа категорија спаѓаат и глувците. Со оглед на тоа дека имаат многу чувствителен слух, звукот на алуминиумската фолија им пречи дури и ако само трепери на ветрот или ако ја ставите на подот – кога ќе го згазат, ќе се исплашат од тој звук и ќе избегаат. Алуминиумската фолија има и свој типичен мирис што луѓето не го чувствуваат, но многу е препознатлив за глодачите, па и ова е фактор што ќе ги оддалечи од вашиот дом. Ставете алуминиумска фолија во дупки, пукнатини на ѕидови или на површини во кујната. Глувците нема да можат да поминат низ таа бариера.