Сите сакаме да имаме чист и свеж воздух во нашите домови, а за да го постигнеме тоа, најлесен начин е да употребиме домашни растенија за да ни помогнат во неговото прочистување.
Важно е да ги намалите колку што е можно повеќе токсините. Тие го напаѓаат телото преку воздухот, облеката, козметиката, храната, водата, сапуните, шампоните… а ние не сме ни свесни за тоа.
Многумина не знаат дека особено во текот на зимските месеци, а и во текот на летото кога сите прозорци се затворени и се ладиме со клима-уреди, воздухот во куќата не циркулира и не се филтрира доволно.
Тоа значи дека директно ги вдишуваме сите токсини во домот, од средствата за чистење и слично.
Затоа е важно да се осигуриме дека воздухот во нашите домови е чист, а најдобар начин за тоа е со помош на домашни растенија. Покрај тоа, растенијата во домот исто така имаат и декоративна улога, а ја подобруваат и целокупната позитивна енергија.
Едно од нив е и азалеата, која помага во прочистување на воздухот од токсините во кујната настанати од детергентите и средствата за чистење.
Англискиот бршлен го прочистува воздухот од воздушните честички на фекалните материи, а одличен филтер е и за простории во кои се пуши.
Спатифилата или собната кала е одлично растение за тоалети и бањи, бидејќи ги елиминира спорите од мувлата апсорбирајќи ја влагата.
Бидејќи не расте високо, бамбус палмата лесно може да се вклопи во секој простор, а одлична е за филтрирање на загадувањето со бензен и трихлороетилен, како и формалдехид.
Аглаонемата е најдобриот отстранувач на токсини од затворените простории. Колку подолго стои во еден простор, толку станува поефикасна во отстранување на токсините.
Она што ја издвојува алое верата од другите растенија е гелот во нејзините лисја, кои се богати со витамините А, Ц, Е, Б1, Б2, Б12 и многу други, како и можноста за негова употреба за третирање изгореници и исечени места.
Сарделите се одличен прочистувач на воздухот, ги отстрануваат непријатните миризби и ги убиваат бактериите.
Клорофитот или познат како зелен лилјан, е исто така одлично растение за прочистување на воздухот од јаглерод моноксид, така што одлично место за него би била кујната.
Од сите тестирани растенија, фикусот е најдобар во отстранување токсини и загадувачи од домовите, а особено е добар борец против формалдехидот.
Индијанско перо е растение што својата прочистувачка работа ја врши во текот на ноќта. Го вшмукува јаглерод диоксидот и ослободува кислород, па, така, го подобрува спиењето.