Кога ви треба уште малку екстра простор за вашето семејство, нема потреба да се справувате со болниот процес на селење. Над вас се наоѓа скриено богатство што не ја гледа светлина на денот – вашиот таван, кој може да се претвори во атрактивен простор за живеење. Реконструирајте го таванот и ќе го добиете потребниот простор, а истовремено ќе му ја зголемите цената на вашиот имот.
Ова се неколку чекори за трансформирање на најмрачниот и правлив таван во најсветол дел од вашата куќа.
– Најпрво преценете го потенцијалот на таванот
Обично во еднокатни или двокатни куќи таванот се претвора во магацин за стари предмети. Во зависност од големината на вашиот таван, може да направите уште една спална или детска соба, како и целосно живеалиште, ако таванот е доволно голем.
– Колку е важна дневната светлина?
Изворите на дневна светлина се клучни за да успеете во трансформирање на темниот таван во светла станбена површина. Може да имате прозорец на вертикалниот ѕид или, пак, прозорци на покривот, кои, пак, се најдобро решение за извор за светлина. Може да ги сместите на случајно избрани позиции и да го осветлите секое темно ќоше.
– Колку прозорци?
Тоа зависи од функцијата и големината на собата. Дневната бара повеќе и поголеми прозорци од бањата. Во кујната или кабинетот е важно да има добро осветлување. Природната светлина дава чувство за простор и ја прави собата попријатна и удобна. Стаклената површина треба да биде најмалку 10-20 отсто од површината на подот. Тоа значи дека во соба од 20 квадратни метри прозорецот треба да има стаклена површина од минимум 2 квадратни метри, а подобро е повеќе.
– Каде да ги поставите таванските прозорци?
Ако покривот дозволува, најдобро осветлување се постигнува со ставање прозорци на двете страни на сртот. Не ставајте ги прозорците премногу високо, бидејќи ќе ја изгубите глетката. Не заборавајте дека најубавите глетки се од високо, од покривот. Ако таванот е голем, можете да поставите дополнителни прозорци на поголема висина. Тие даваат осветлување длабоко во просторот и помагаат во вентилацијата. Комбинацијата на ниско и високо поставени прозорци дејствува како оџак и обезбедува доволно вентилација во собата.
– Посветете особено внимание на патот на сонцето
На покривот имате добра можност за користење на енергијата на сонцето и да ја направите куќата поекономична. При правилно поставени покривни прозорци може да ги намалите сметките за греење, како и емисиите на јаглерод диоксид. Четирите кардинални точки ќе ви покажат од каде сонцето ќе свети кон куќата. Ова има значење за покривните прозорци и за топлината што ќе доаѓа во нив.
– Јужна и западна светлина
Ако собите ви се западни или јужни, сонцето ќе биде многу силно во жешките месеци. Во овој случај многу се погодни штитниците за сонце. Тие ја задржуваат топлината надвор од собите во летните денови, без да ја ограничуваат глетката.
– Северна и источна светлина
Во северните соби сонцето достигнува само со рефлектирачки зраци што ви дава ладно и придушено осветлување. Источните прозорци добиваат златна светлина и кратки сончеви зраци наутро. Во спалните и во детските добро e прозорците да се постават со поглед кон сонцето.