Внесете ја природата во домот
Секому му треба освежување одвреме-навреме, па дури и на домот, за да стане попријатно место за уживање.
Чистење: фрлете ги старите метални закачалки и купете дрвени. Нарачајте шкафче за чевли. Инсталирајте полица над кадата на која ќе ги чувате гелот за туширање, шампоните… Исфрлете ги работите што не ги користите и што секојдневно ви пречат и ги поместувате.
Внесете ја природата: она што му дава душа на просторот во кој живееме секако се растенијата, дури и вештачки. Купете цвеќиња во саксии што можете да ги чувате и одржувате на терасата, но не заборавајте дека треба да обрнете внимание на нив. Можете да ги пополните просториите со зелени ѕидови со растенија без корен, или вазни во кои ќе ставите евтини букети.
Внесете дреболии: дреболиите се одраз на нашата личност и кажуваат многу за нас. И кога ќе го пополниме просторот со нив, домот станува потопол. Рамки со слики, фигури, свеќи, интересни чинии, книги, украси…