Развивањето нова платформа за автомобили од нула претставува голем потфат. Кога станува збор за радикален концепт од комбинација на гас-турбина и електричен суперавтомобил, преземањето ваков потег се смета за исклучително амбициозен за глобалните производители на оригинална опрема, а камоли за мал, независен производител на автомобили. Но токму тој потег го прави компанијата „Ариел“ од Сомерсет, Англија. Производителот на автомобили „Ариел“ во моментов гради хиперавтомобил наречен „хиперкар“ со кодно име „П40“. Компанијата досега е позната по производството на брзи и едноставни за употреба автомобили, но со новиот концепт прави скок во просторот на хиперавтомобилите. „Хиперкарот“ на „Ариел“ може да достигне 100 километри на час за 3,8 секунди, што значи дека е подобар за една секунда од „мекларен П1“ или „порше 918“. Може да постигне максимална брзина до 250 километри на час, а автомобилот има тежина од 1.500 килограми. Тој е напојуван од четири електрични мотори. Секој од нив обезбедува иста моќ како супернапојуваниот мотор тип Р, вели шефот на „Ариел“, Сајмон Саундерс.
Електричните мотори се мали и имаат дијаметар од околу 330 милиметри. Покрај 42-киловатчасовните батерии со 680 волти, автомобилот „П40“ го прикажува големиот турбински опсег на моторот како кај автомобилот „јагуар Ц-Х75“. Проектот за создавање на овој автомобил доби повеќе од 2 милиони фунти за финансирање проследен со дизајнерот на електрични мотори „Еквипмејк“ и производителот на гасни турбини „Делта моторспорт“, кои се приклучија кон „Ариел“ во развојната фаза на создавањето на автомобилот.
– Многу малку производители имаат спецификациски побарувања како што се нашите, но технологијата е апсолутно применлива и за други цели. Може да видите намалена верзија или дериватот на нашите мотори да се најде во масовна продукција на патничките автомобил. Или, пак, може да видите како зголемената верзија на батеријата, која ја користиме ние, ја применуваат кај некој автобус или друго возило што се движи на земја – истакна проект-менаџерот на „Ариел“, Нил Јејтс.
Планот е „П40“ да достави два модела. Модел со погон на четири тркала од 1.180 моќност на сопирање и модел со заден погон на тркала од 590 моќност на сопирање. И двата модела ќе користат ист модел на моторна единица од 220 киловати на час, на секое погонско тркало, заедно со сопствениот интегриран менувач. Микротурбинскиот систем е уште една иновација на „Делта моторспорт иновејшн“. Станува збор за пумпа на бензин, која врти константни 120.000 вртежи во минута откако ќе се забрза.
Системот за согорување вклучува рекуператор, кој се справува со предизвикот за смалување на емисијата на штетни гасови што традиционално се среќаваат со гасни турбини. Оттаму велат дека емисијата на издувните гасови треба да биде помала од онаа на еден типичен градски автомобил што претставува големо постигнување. Иако се планира првиот модел да има релативно низок производствен број, со проектираната продажба на помалку од 100 возила годишно. Од „Ариел“ истакнуваат дека овој модел е наменет како остварлив комерцијален предлог, а не само еднократен концепт на автомобил. За жал, цените сѐ уште не се знаат и допрва треба да се потврдат. Но моделот подготвен за производство треба да биде во 2019 година, со испораки почнувајќи од 2020 година. Домашните имиња како „хиперкар“ и „П40“ ќе бидат заменети со ново име. А телото на автомобилот ќе биде покриено и целосно затворено со материјал од јаглеродни влакна.