Петтата генерација на „супра“ се појави за да го заземе местото меѓу „порше“, „БМВ“ и „мерцедес“
„Тојота“ минатата недела го претстави својот долгоочекуван автомобил, целосно новата спортска верзија „2020 супра“ на „Детроитското автомобилско шоу 2019“. Новата „тојота супра“ имаше долг период на мирување. За неа прво се шпекулираше во 2007 година, кога „Тојота“ го објави концептот „ФТ-ХС“, а понатаму никнуваше во 2010 година, кога компанијата аплицира за заштитениот знак на името „супра“. А очекувањата на обожавателите на овој автомобил се зголемија при прикажувањето на концепт-автомобилот „ФТ-1“, кој е предвесник на новата „супра“ на „Североамериканското меѓународно автошоу – Детроит“ во 2014 година. Производствената верзија е конечно тука и, според спецификациите и изгледот, возилото практично претставува автомобил за улично тркање.
За љубителите на јапонскиот производител на спортски автомобил, појавувањето на новиот автомобил е момент што е очекуван две децении. Јапонскиот производител на автомобили ја повлече четвртата генерација на „супра“ од американскиот пазар по 1998 година. Новата, петта генерација на „тојота супра“, позната во рамките на компанијата како „A90“, ќе се врати да ги преземе премиум-спортските автомобили, како што се „порше 718“, „мерцедес-бенз СЛЦ“ и „БМВ З4“, со кои се споделуваат голем дел од неговите механизми. Новата „тојота супра“ всушност е развиена со помош на „БМВ“. Стилот на „A90“ влече инспирација од концепт-автомобилот „2014 ФТ-1“ на дизајнерскиот центар „Тојота калти“. Како и кај другите „супри“, петтата генерација ќе се напојува со вграден шестцилиндричен мотор.
Очекуваните 1.500 килограми на новиот автомобил го прават 250 килограми потежок од „ГТ86“ и 14 килограми полесен од четвртата генерација „супра“, која излезе од производство во 2002 година. Ова исто така ќе го прави возилото 14 килограми полесно од опременото „порше 911 карера С“, опремена со ПДК-трансмисија. Новиот автомобил „2020 супра“ може да се пофали со три литри дополнително гориво, турбополнач и 335 коњски сили. Моторот ја префрла моќта на задните тркала преку осумбрзинскиот автоматски менувач. Исто така за овој автомобил нема да има опција на менувач со рачен пренос на брзините. Според „Тојота“, новата „супра“ може да забрза од 0 до 60 километри на час за 4,1 секунда и да достигне ограничена максимална брзина од 250 километри на час. Автомобилот исто така може да се пофали со 50/50 предна и задна распределба на тежината. Автомобилот ќе биде произведуван во Грац, Австрија, од Магна Штајр.
Стандардната „супра“ ќе доаѓа со активна варијабилна суспензија и активен диференцијал, кој ќе ги дели вртежниот момент и моќта на задните тркала, велат од „Тојота“. Првично претставениот концепт на „ФТ-1“од 2014 година делумно се разликува од дизајнот на новата „супра“ и споредбено со концептите што му претходеа. Додека целокупната силуета на „ФТ-1“ е позната, со фаровите, задните светла и преостанатиот покрив со двојни испакнатини, автомобилот ги отстранува агресивните карактеристики, како што се страничните воздушни доводи и фиксирано задно крило. „Тојота 2015 супра“ се очекува да се појави во САД ова лето, со почетна цена од 49.990 долари.