Од особена важност за вашето тело е да внесете протеини во вашата секојдневна исхрана. Протеините ви помагаат во многубројни телесни функции, но исто така и ја одржуваат вашата мускулна маса.
Кога некој ќе спомене протеин, прво што ќе ви падне на ум е пилешко месо. Но доколку сте вегетаријанец или, пак, едноставно не сакате да јадете месо толку често, сепак постои начин на кој ќе успеете да ги внесете потребните протеини во телото преку исхраната.
Постојат многубројни протеински богати зеленчуци, кои се достапни во текот на целата година. Пробајте ги овие 19 и вклучете ги во исхраната. Може да ги консумирате поединечно или, пак, да ги комбинирате во разни рецепти. Изборот сепак останува на вас.
1. Брокула
Вкупно протеини: 4,26 грама во едно парче со средна големина
Постои причина зошто вашите родители ве принудуваат да јадете од ова растение слично на дрво. Освен што е богата со витамини, брокулата е полна со растителни влакна, витамин К и Ц, но одлична е и за дигестијата.
2.Жолта, блага пченка
Вкупно протеини: 4,68 грама во едно парче
Нутритивна речиси исто толку колку што е и вкусна, пченката е богата со протеини, но и одлична да ја вклучите во вашата диета. Доколку никако не можете да го исфрлите лебот од вашата исхрана, наместо леб, можете со оброкот да консумирате пченка. Богата е со витамини и растителни влакна, кои се одлични за целото тело, не само за мускулната маса.
3. Компир
Вкупно протеини: пет грама во еден компир со средна големина, нелупен
Иако кај нас компирот се консумира исклучиво лупен, сепак, за да успеете максимално да ги апсорбирате витамините што ги нуди, потребно е да го консумирате нелупен. Освен протеини, богат е со витамин Ц и Б6.
4. Боранија
Вкупно протеини: 18 грама во една чинија
Најомразениот оброк кај децата, но и доста често и кај возрасните. Сепак, треба почесто да ја вклучите во вашата исхрана бидејќи е богата со витамини и минерали и е доста здрава. Одлична е за регулирање на проблемите со цревата но и за дигестија.
5. Леќа
Вкупно протеини: 18 грама во една чинија
Леќата е богат извор на протеини и на железо. Сродна е на гравот, но е одлична за здравјето. Се препорачува во случај кога некој има мака со опстипација, бидејќи одлично ги разработува мрзливите црева. Најдобра е во комбинација како чорба со многу лук.
6. Грашок
Вкупно протеини: 8,5 грама во една чинија
Грашокот е одличен додаток во исхраната. И тој е здрава намирница богата со протеини и витамини.
7. Аспарагус
Вкупно протеини: 2,9 грама во една чинија
Иако не е толку често застапен во нашата кујна, аспарагусот е одличен извор на протеини за вашето мени.
8. Карфиол
Вкупно протеини: 2,05 грама во една чинија
Карфиолот е вид дива зелка, а кај нас досега се консумираше најчесто во туршија. Но тоа повеќе не е случај. Карфиолот е богат не само со протеини туку и со многубројни витамини и минерали, кои се одлични за здравјето. Сто грама карфиол имаат само 25 калории, а богат е и со калиум, витамин А, Д, Ц, Б6, магнезиум, калциум и железо.
9. Грав
Вкупно протеини: 6,84 грама на 100 грама
Традиционалното македонско јадење, гравот, добива сосема ново значење во здравата исхрана. Освен што е богат со протеини и одличен за диета, гравот на вашето тело му нуди железо, калиум и растителни влакна. Одличен е и за чистење на цревата.
10. Печурки
Вкупно протеини: 2,97 грама во една чинија
Печурките не се само додаток ставен одозгора на пица. Диетални се, имаат само 20 калории во една чинија, а освен протеини, имаат калиум и се одлични за веганите и вегетаријанците бидејќи спаѓаат во групата зеленчуци што се целосна замена за месото.
11. Авокадо
Вкупно протеини: четири грама во едно авокадо
Авокадото е една од првите намирници што се воведува во исхраната кај новороденчињата штом наполнат шест месеци. Тоа говори доволно за неговите здравствени бенефиции. Освен протеини, авокадото е богато со витамин А, Ц, Б6, Д, калциум, магнезиум и железо. Авокадото е одлично за здравјето на вашето срце.
12. Кајсија
Вкупно протеини: 2,2 грама во една чинија
Добро познатата кајсија е едно од овошјата што речиси секој ја има во својот двор. Освен што е богата со протеини, таа е одлична и за луѓето со прекумерна телесна тежина бидејќи е богата и со вода. Но, исто така, одлична е и за хидратација на телото.
13. Киви
Вкупно протеини: 2,1 грама во една чинија
Кивито нуди голем витамински спектар. Полно е со антиоксиданси, а помага и за зголемување на имунитетот. Содржи витамин Ц и Е, магнезиум, бакар, железо, калциум и цинк.
14. Портокали
Вкупно протеини: 1,7 грам во една чинија
Традиционалното зимско овошје, портокалот, освен што е богат со витамин Ц, кој е одличен во битката со настинките, е богат и со протеини. Она што е важно да се знае е дека портокалот треба да се јаде целосно, а не да се цеди бидејќи така се губат доста важни состојки.
15. Банани
Вкупно протеини: 1,3 грам во една чинија
Најозлогласеното овошје меѓу овошјата е бананата. Навистина, содржи дури 12 грама шеќер, но затоа, пак, богата е со калиум и тоа дури 358 милиграми, 20 проценти витамин Б6, а богата е и со витамин А и Ц.
16. Праска
Вкупно протеини: 1,4 грам во чинија
Уште едно летно овошје во кое сите уживаат. Праската треба да биде дел од секојдневната исхрана независно дали сте на диета или не. Сепак, важно е да се напомене дека има само 39 калории, и дури 11 проценти од една праска му припаѓаат на витаминот Ц.