Од вчера до 10 април во Кинотеката на Македонија се одржува „Скопје филм фестивал класик“, каде што ќе бидат прикажани филмови од шпанските режисери Луис Гарсија Берланга, Карлос Саура и Луис Буњуел.
Од Буњуел ќе бидат прикажани неговите антологиски остварувања: „Симон столпникот“, „Тој мрачен предмет на желбата“, „Тристана“, „Ангел истребувач“, „Виридијана“ и „Дискретниот шарм на буржоазијата“.
Од Берланга на програмата се насловите „Пласидо“, „Џелат“ и „Бикчето“, а од Саура ќе бидат прикажани „Фламенко, фламенко“, „Танго“, „Гоја во Бордо“ и „Змија в пазуви“.