Уредот, наводно, интерно наречен „Рипли“, ќе биде оптимизиран за телевизиската платформа на Фејсбук „Вач“. Поставувачката кутија ќе ви овозможи да ги пренесувате видеата на вашиот телевизор, иако не е јасно дали ќе поддржува содржини од други платформи. Покрај опцијата за пренесувањето на видеата, кутијата ќе биде опремена со камера слична на неодамна објавениот уред „Портал“ од Фејсбук. Како „Портал“, и „Рипли“ ќе има можност за овозможување видеоповик. Не е јасно кога Фејсбук ќе го лансира овој производ. Страницата „Чедар“ известува дека компанијата ги одложува своите првични планови поради загриженоста за задржување на приватноста околу компанијата и продуктот, но и дека проектот „Рипли“ може да почне во пролетта 2019 година. Фејсбук сѐ уште нема одговорено официјално што се случува и што ќе се случува понатаму со продуктот.
Поставувачката кутија ќе биде второто парче хардвер што не е сличен на „Окулус“, а е произведен од Фејсбук. Исто така нема официјални извештаи и промоции за уредот. Сепак се забележува тивкото инвестирање од страна на социјалната мрежа, која полека но сигурно обезбедува промоција на својата услуга за следење на каналот „Вач“, сакајќи да постигне голем успех. Компанијата постојано инвестира во нови програми и функции со кои се надева дека ќе ги пренасочи корисниците подалеку од Јутјуб. Но, не е доволно јасно дали Фејсбук успешно пренасочува милијарди корисници од другите апликации кон својата за да ги видат содржините на „Вач“. Додавањето функции за камера и за видеоразговор, како оние во „Портал“, може да биде дополнително откажување за некои луѓе што би биле заинтересирани за уредот. Фејсбук го лансира „Портал“ претходно овој месец, презентирајќи го уредот како идеален додаток за видеоразговор поради неговата интелигентна камера, која може да ве следи додека се движите низ собата. Но, се појавија критики со кои се истакна можната злоупотреба на приватноста на корисникот. „Портал“ главно беше критикуван поради тоа што политиката на приватност на Фејсбук не дава доволна одговорност за употреба на податоците од корисникот и целно насоченото рекламирање.
Инаку Фејсбук приближно пред две години, формира хардверска група наречена „Градење 8“, која е посветена на развој на футуристички таканаречени „мооншот“ производи. Меѓу неиздадените производи се вклучува уредот што може да ги чита мозочните бранови за да утврди кои зборови некој сака да ги напише и лентата за рака, која има цел да ги преведе звуците во вибрации што може да се разберат преку човечката кожа. Уредот за поврзување на мозокот со кодно име „Еџфилд“, сѐ уште е во раните фази на развој на кој работат десетина вработени од Фејсбук.
Групата во моментов работи на намалување на потребното напојување за уредот, но има голем пат до реализација. Проектот лента за рака со кодно име „Инатум“, е одложен поради развојни компликации. Шефот на проектот, д-р Фреди Абнуси, неодамна доби поголема улога како шеф на Фејсбук за истражување во здравството. Со продолжувањето на проектот „Рипли“ и работењето на идни проекти како наведените се покажува дека Фејсбук има намера да се вградува подлабоко во животот на корисниците.