САД не треба во реалноста да создадат уште една курдска држава
Испаничените неоконзервативци што сакаат да ја задржат Америка во војна со Сирија сметаат дека нашле нова интересна тема за разговор, која гласи „не смееме да ги оставиме Курдите!“. Користејќи го неговиот прост заштитен знак, сенаторот Линдзи Греам (на сојузната република Јужна Каролина) за Си-ен-ен изјави дека „ако сега заминат од државата, ќе се изврши масакр врз Курдите“.
Сигурно духовите на Марк Сајкс и на Франсоа Жорж-Пико им се насмевнуваат на Греам и на неговите неомилени, но гласни интервенционисти од владејачките американски кругови. Овие двајца, авторите на договорот Сајкс-Пико со кој тајно се планираше поделбата на Блискиот Исток од страна на британските и на француските сили по крајот на Првата светска војна, може да сочувствуваат со суетата на оние што мислат дека можат да го прекројат регионот во своја корист.
Ние другите со право ќе бидеме скептични. Заклучокот на неоконзервативците е дека откако повеќепати соработувавме со Курдите во Сирија за да ја поразиме ИД, ние сега мораме да дадеме поддршка, па дури и да гарантираме за нивната безбедност од многубројните завојувани страни што остануваат, особено од владините сили предводени од Башар ал Асад и соседна Турција, која истовремено ги мрази Асад и Курдите.
Ова е полуумен начин за да се постигне долгогодишната цел на неоконзервативците не само за пораз на ИД туку и за вовлекување на Америка во Сириската граѓанска војна. На крајот ќе се побара режимска промена на Асад и инсталирање либерална демократија покрај неуспехот да се стори истото тоа во Ирак, Либија и во Авганистан. Ние бие можеле да се најдеме истовремено во конфликт со Асад, Турците, некурдските Ирачани, Иран и Русија, а да не ги споменуваме разните џихадисти за кои би биле странски непријател број еден. За да им се гарантира безбедноста на Курдите, ние треба да помогнеме во реалноста да се формира курдска држава како онаа што помогнавме да се формира во северен Ирак. Двата континентални ентитети би биле соседи и би биле основа за независна курдска татковина.
Студентите по историја можат да се согласат дека Курдите токму ова го заслужуваат. Но ваквата зависност од САД никогаш не беше дел од стратегија на претседателот Трамп за Сирија или за поширокиот Блиски Исток. Дури и само со поддршка на Курдите во Сирија, а уште помалку војување за нив до недогледна иднина, никогаш немаше согласност од американскиот народ. Се сомневам дали воопшто стратегијата му била јасно претставена на Трамп и притоа никогаш немаше формална или неформална согласност за идејата од Конгресот.
Ако некои од нашите генерали или тајни оперативци им ветувале нешто на Курдите, тие тоа го сториле без одобрение од врховниот командант. Тие ниту претставиле договор за сојуз пред Сенатот, кој има уставна моќ да проценува секаков вид договори, а цената и последиците можат да бидат огромни. Само прашајте ги оние што се фатија во костец со наследството од договорот Сајкс-Пико.
За жал за неоконзервативците, самите Курди не го прифаќаат предвидувањето за судниот ден. Тие неодамна изразија желба за преговори и заедничка одбрана со Асад особено против Турција. Ова наводно ги налутило американските воени планери што преговараа со Курдите. Но ова навистина има смисла. Асад е лоша политичка фигура, но е подготвен да даде простор за етничките и верските малцинства во Сирија, вклучувајќи ги и христијаните. Исто така, веројатно, е полесно да се преговара со него кога е тешко вооружен, како што се Курдите. Покрај тоа, тој речиси ја доби Сириската граѓанска војна со тоа што повторно ги врати најважните делови од државата, а неговата лоша влада, за жал, уште е на власт.
Исто така не треба да се заборави дека пред сириските Курди да бидат миленици на неоконзервативците и другите поборници за војни, таа позиција ја имаше Слободната сириска армија (ФСА), која се бореше против Асад. Еден од главните поддржувачи на таа армија беше починатиот сенатор Џон Мекејн, кој ја имаше посетено во неколку наврати и дури се фотографираше со терористичките киднапери Мохамед Нур и Абу Ибрахим, кои се наедно припадници на армијата. Кабинетот на Мекејн изјави дека „ниеден од поединците со кој сенаторот планирал да се сретне не се викал Мохамед Нур или Абу Ибрахим“. Еден портпарол исто така изјави дека „трагично било ако поединецот со кој сенаторот Џон Мекејн се фотографирал е всушност Мохамед Нур. Но лудо би било да се претпостави дека сенаторот на некој начин го оправдува киднапирањето на либанските шиитски аџии или комуницира со виновниците“.
Трамп направи мудар чекор што ја прекина американската поддршка за ФСА. Научивме дека многу е ограничен нашиот капацитет за вистински да ги разбереме силите што дејствуваат во Сириската граѓанска војна и, уште поважно, да се справиме со нејзиниот исход. За кратко време ќе следува разврска на војната, која иако е далеку од добра, барем ќе може да му стави крај на убивањето што однесе стотици илјадници жртви и предизвика масовен егзодус.
Среде овие случувања, претседателот Трамп сосема е во право ако не сака да распореди американски сили на нови мисии во Сирија, кои речиси сигурно нема да ја имаат поддршката на американскиот народ. Во нив Американци повторно би гинеле за туѓи проблеми, а исто така би се одвлекло вниманието од закани како Кина, кои всушност се многу поголем ризик.