Вечерва, во 19 часот, во Музејот на Македонија ќе се одржи ревија на која своите креации ќе ги претстават етаблирани македонски дизајнерски имиња, меѓу кои се: Антонија Ристовска, Ивана Кнез, Јана Манева-Чупоска, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, Олгица Георгиева, Росица Мршиќ, Силвија Михајловска-Алшар, Тања Кокев и Розе Трајчевска.
Првите македонски дизајнери ќе ги претстават артизмот, формите, методите, безвременоста на својата работа од почетоците до денес. На модниот спектакл дизајнерите ќе ги отворат своите архиви со своите трудови, покажувајќи го на тој начин особениот македонски карактер во нивните дизајни.
Ревијата е именувана „Мејд ин Македонија: почетоци и еволуција“, во организација на „Добре дојде, Македонија“, поддржана од Амбасадата на Франција во Македонија.