Денеска, со почеток во 12.30 часот, во градската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип, ќе биде промовирана едицијата во десет книги „Најдобрата кинеска литература за деца“, која на македонски јазик ја објави „Македоника литера“. Едицијата ќе ја претстави Јованка Денкова.
Антологиската едиција се реализира како копродукциски проект со издавачката куќа „Делфин букс“ од Пекинг, Кина. Во едицијата се застапени најпознатите и најчитани современи кинески писатели за деца и за млади. Во овие книги се вклучени најдобрите дела на авторите, избрани од самите автори. Изборите содржат бајки, басни, раскази или новели. Едицијата ги содржи следните избори: „Тајната на слатките јагоди“ од Танг Сулан, „Мирисливата птица“ од Ѓин Бо, „Легенда за мечето Панда“ од Сун Јоуѓун, „Магичниот папагал“ од Ге Бинг, „Персискиот мачор Пек“ од Гао Хонгбо, „Малиот ној рицар“ од Лиу Сианпинг, „Божјиот фенер на морето“ од Донг Хонгјоу, „Приказни големи колку дланка“ од Џанг Ќуишенг, „Братучед ми доаѓа“ од Ќин Венѓун и „Вкусот на сонцето“ од Џанг Џилу.