Книжевна средба со Емануел Рембер и промоција на преводот на македонски јазик на неговата пријателска биографија за Жан-Клод Пирот, со наслов „Во Лотарингија“, ќе се одржи денеска во 19 часот, во „Јавна соба“.
Емануел Рембер, дипломат, советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје, престојот во секоја земја го завршува со книга. По „Немирни денови во Либија“, престојот во Брисел е инспирација за Рембер да напише пријателска биографија за Жан-Клод Пирот, белгиски поет, писател, адвокат, анархист и вечен бегалец. Овој биографски есеј беше позитивно прифатен и од францускиот печат, а е објавен на македонски јазик благодарение на издавачката куќа „Магор“. Преводот е на Зоран Јовановски.