Патрик Стјуарт повторно ќе го игра легендарниот капетан на вселенски брод Жан-Лук Пикард во новата верзија на серијалот „Ѕвездени патеки“, која ќе биде емитувана на каналот Си-би-ес. Новата верзија од франшизата „Ѕвездени патеки“ сѐ уште нема утврден датум на премиерата ниту точен наслов.
Тој неодамна откри дека е изненаден и возбуден што повторно ќе го игра Пикард, капетанот на вселенскиот брод „Ентерпрајс“.
– Секогаш ќе бидам горд што бев дел од универзумот „Ѕвездени патеки“, но кога го завршив снимањето на последниот филм во 2002 година, јас навистина чувствував дека моето време измина. Со текот на годините различни луѓе ми приоѓаа и ми велеа дека новата генерација „Ѕвездени патеки“ им влеала нова надеж и дека Жан-Лук има инспирирано многумина да ги следат неговите стапки, да студираат наука и да тргнат во истражување, да станат лидери. Се чувствувам дека сум подготвен да се вратам од истата причина – да истражувам и да почувствувам каква светлина на надеж ќе произлезе во овие често мрачни времиња. Едвај чекам да работиме со нашиот брилијантен креативен тим додека се подготвуваме да внесеме живот во една свежа, неочекувана и важна приказна – вели Стјуарт.
Новата серија сѐ уште нема датум за премиера, ниту точен наслов.
„Ѕвездени патеки – следната генерација“, според мислењето на повеќето обожаватели и критичари, е најдобрата серија на „Ѕвездени патеки“.