Владо Димовски

Малку дијалог.
– Пишуваш нешто?
– Роман.
– Одлично! А, до каде си?!
– При крај. Уште да откуцам еден дијалог меѓу главниот лик и неговата жена. Доста е дијалог. Овде писателот, свесно или несвесно, направи една грешка.
Ние не откуцуваме, туку отчукуваме.
Да отчукам уште неколку реченици и крај.
Да, но јас ќе отчукам еден афоризам: ова е наш океан, тука ни потона… бродот!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!