„Сапунот на Леополд Блум“ од романската писателка Нора Југа, кој издавачот „Македоника литера“ го најави како комплексен роман во кој се мешаат жанрови, како и во неколку други дела на авторката, говори за еротизмот, осаменоста и староста. Преводот е на Ирина Кроткова.
Нора Југа (литературен псевдоним на Елеонора Алмоснино) е позната романска поетеса, романсиерка и преведувачка од германски јазик, родена во 1931 година во Букурешт.