Македонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули се најде во строгата селекција на фестивалот во Олденбург. Агенцијата за филм на Македонија известува дека на филмскиот фестивал, кој поради неговиот висок рејтинг и силните критериуми на селекција го нарекуваат уште и европски „Санденс“, македонскиот филм ќе биде прикажан во официјалната конкуренција.
На ова 25-то јубилејно издание на меѓународниот фестивал во Олденбург, Германија, кое ќе се одржи од 12 до 16 септември, претставниците од Агенцијата за филм во Олденбург од 13 до 17 септември ќе учествуваат на настанот „Меч бокс копродукшн лаунџ“. Учеството на агенцијата ќе биде најавено и на отворањето на фестивалот а по покана од директорот на фестивалот, господинот Торстен Њуман на 15 септември, Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање (филмски локации) и ќе ја афирмира законската регулатива со која се овозможува поврат на средства од копродукциски услуги и филмски сервис.
Агенцијата ќе се претстави со учество на проекти во развој во официјалната програма на овој настан, ќе биде присутна и во печатените фестивалски рекламни материјали, организирани се и низа интервјуа од страна на претставници на фестивалот како и на фестивалската веб-страница.