Одбојкарската репрезентација на Македонија со очекувана победа на гости над Косово од 3-1 (20-25, 25-16, 25-17 и 25-14) во групата А ја почна годинашната кампања во Сребрената европска лига. Во минатите три сезони, Македонија го освојуваше второто место во Европската лига.
Најдобар поединец на мечот против дебитантот Косово, прв официјален меѓу двете репрезентации, беше капитенот на Македонија, Никола Ѓоргиев, кој забележа 31 поен.
Во вториот меч од групата А, Летонија ја совлада Австрија на гости со 3-1 (25-21, 21-25, 25-17, 25-22).
Утревечер во Дугавпилс, Македонија ќе ѝ гостува на Летонија во рамките на второто коло, а в недела во Скопје ја пречекува Австрија.
Во групата Б, во првото коло Хрватска ја совлада Унгарија со 3-0, а Белорусија беше подобра од Албанија, победувајќи ја со максимални 3-0.