Јагулите многу ретко се ловат, но сосема е сигурно дека во секоја вода постојат капитални примероци. Тие најмногу се ловат од јуни до септември, во период од еден час пред стемнување до полноќ или во мугрите, додека излезе сонцето
Обликот на телото ги вбројува јагулите во едни од послабите пливачи меѓу рибите, иако тие во вода можe да достигнат и завидни 35 км на час. Најмногу се осетливи на температура, потреси, имаат извонредно развиено чувство за мирис со широки носни празнини, додека видот им е послабо развиен. Сплоснатото тело може да достигне должина до 200 см и тежина до 6 кг. Ова се максималните вредности, кои важат само за женските примероци, додека машките се значително помали и достигнуваат максимална должина до 50 см и тежина до 200 кг.
Групирани во топчести јата, тие поради сигурност се држат на блиско растојание од брегот, движејќи се исклучиво по десната страна на реките. Кога пристигнуваат до морето, ним им се придружуваат мажјаците, кои групирани пак чекаат во делтите и крајбрежните подрачја. И покрај порибувањето, нивниот број константно се намалува.
Јагулата сака безмалку сѐ: риби, печени ракови, водени полжави, црви, водени и копнени инсекти. Единствено што би можело да ѝ претставува проблем е големината на посакуваниот плен, оти јагулата има добар желудник, но мала уста. Дење мирува во калта, а ноќе оди во потрага по храна. Во зимскиот приод исто така се вовлекува во калта, понекогаш и до 40 см во длабочина. Таа е многу подвижна, може за еден ден да мине од 20 до 40 км.
Јагулите многу ретко се ловат, но сосема е сигурно дека во секоја вода постојат капитални примероци. Тие најмногу се ловат од јуни до септември, во период од еден час пред стемнување до полноќ или во мугрите, додека излезе сонцето.
Основен метод на риболов на јагулата е воглерот, а како мамка се фрлаат бронзени црви. Се користат исклучително долги и јаки рибарски стапови со краток конец. Јагулата најчесто бара неподвижна мамка. Најдобро место за риболов е преминот од рамен на стрмен раб. Обично тоа е на длабочина до 4 см. Големите јагули најчесто се многу цврсти и за нив е потребен јак рибарски прибор, ист како што се користи за штуката или крапот. Рибарот може да користи и хранилка во која ќе става вата со мирис што ги привлекува јагулите.
Фазанот е крупна птица, издржлива на рана
Тој не треба да се лови со крупни сачми, ниту да се пука од многу блиску, односно доволно е да се пушти на далечина од 20 до 30 метри, оти во спротивно испуканиот сачмен сноп не е доволно раширен
Често сме гледале при лов како фазан е погоден од страна на ловџијата, а тој сепак ќе побегне во блиските грмушки. Фазанот е релативно крупна и силна птица, издржлива на рана. Тој не треба да се лови со крупни сачми, ниту да се пука од многу блиску, односно доволно е да се пушти на далечина од 20 до 30 метри, оти во спротивно испуканиот сачмен сноп не е доволно раширен.
Иако ловот на фазанот е незамислив без ловечко куче, многу ловџии го прават тоа без куче. Посебен проблем се случува кога треба да се пронајде на отстреланиот или ранетиот дивеч. Во таква ситуација голема предност е ако барем приближно се знае како и во кој дел од телото е погоден фазанот. Тоа, пак, го овозможува неговото понатамошно однесување, како и да се предвиди и олесни барањето во густата вегетација од страна на ловџијата.
Фазан што е погоден од ловџија во предниот дел (глава, врат и гради) наеднаш ја обесува главата и со спуштени крилја паѓа кон земјата. Најчесто е мртов веднаш, на самото место каде што паднал.
Фазанот погоден во крилото се накривува на страната на која е ранетото крило и мавтајќи со другото паѓа право на носот. По падот обично се подигнува и бега со трчање во најблиското засолниште. Тоа, пак, значи долго барање, најчесто со добро ловџиско куче.
Ако е погоден во стомакот, фазанот се свиткува, спуштајќи ги опашката и главата, и одлетува, а во зависност на тежината на повредата на поголема или помала оддалеченост. По слетувањето, продолжува да бега со одење. Најчесто умира од внатрешно крвавење. Може успешно да се бара, но само е прецизно маркирано местото на слетување и повторно со помош на добро куче.
Ако е погоден во ногата или во задниот дел од телото, фазанот ја опушта едната или двете нозе и полетува прво во висина, а потоа слетува накосо кон земјата, барајќи најблиско засолниште. Се случува повторно да летне кога ќе го забележи ловџијата.
Погоден во ’рбетот фазанот нагло ги олабавува двете нозе и до некаде ги шири крилјата, па вкочанет вртоглаво паѓа кон земјата. По правило е мртов на местото каде што паднал или е во смртна агонија.
Aко фазанот продолжи да лета и понатаму, па дури и ако летнале повеќе перја од неговото тело, значи дека се работи за страничен погодок, па тој фазан не треба ни да се бара на местото каде што слетал, оти веројатно ќе остане жив.