Вработените на Јавното комунално претпријатие во општината Гази Баба добија нови работни униформи. Новата работна облека им ја подели градоначалникот на општината Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорот на ЈКП „Гази Баба 2007“, Влатко Митовски.
Како што информираат од оваа скопска општина, цели осум години вработените на ЈКП „Гази Баба“ работел без работни униформи.
– Немаа никаква заштита при работа и беа целосно непрепознатливи кај граѓаните на општината. Новите работни униформи за сезонските работници во ЈКП „Гази Баба“, пред сѐ, обезбедуваат заштита на работниците при работа, а вработените ќе бидат полесно препознатливи за граѓаните. Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ беше во лоша состојба, со недоволен број сезонски работници и без доволна опрема – објаснуваат од Гази Баба.
Во овој период од шест месеци општината и ЈКП „Гази Баба“ работеа на целосно јакнење на ова претпријатие. Бројот на сезонските работници е зголемен, набавена е опрема за одржување на хигиената и јавното зеленило.
Набавен е и багер со кој ЈКП „Гази Баба“ ќе може да ги одржува редовно каналите во општината. Дополнително, набавени ќе бидат и два камиона, од кои кипер и еден камион со канта.
Од Гази Баба велат со ова опремување, јавното комунално претпријатие ќе може да биде вистински сервис за граѓаните. Навремено ќе ги извршува своите задачи за одржување на јавната чистота, како и каналскиот систем во општината. С.Р.