Воените китови и делфини – зошто ѝ служат на војската? И покрај целата напредна технологија, ништо не се споредува со способноста на морските цицачи да пронајдат работи во океанот
Воените морнарица на Русија информираа дека имаат кит што е дел од руската воена програма, која ги обучува китовите за воени операции. Можеби звучи чудно, но не е нешто ново.
Во 2017 година, руската државна телевизија објави дека земјата експериментирала употребувајќи ги белуга-китовите, делфините и неколку вида фоки да стражарат на влезовите во поморските бази, да им помогнат на нуркачите и да ги спречат непријателите што би влегле на нивната територија.
Кога Русија го нападна Крим во 2014 година и ја презеде украинската воена единица, таа вклучуваше делфини, според новинските извештаи. Украинските борбени делфини, со седиште во Севастопољ, биле обучени да бараат и да обележуваат подводни мини или несакани пливачи, кои се обидуваат да пристапат до забранетите водени патишта.
Користењето на морските цицачи за воени цели не е забрането во Русија, а и морнарицата на САД има слична програма од 1960-тите.
Способноста на овие животни да го детектираат и да ја најдат дадената цел во длабочините или во мрачните вода е нешто што технологијата не може да го постигне сѐ уште, поради тоа воени сили ги сметаат овие животни за многу вредни во нивните мисии.
Морнарицата на САД ги обучува своите морски цицачи – вклучувајќи ги и калифорниските морски лавови и делфините да најдат и да донесат опрема изгубена на море и да ги идентификуваат натрапниците што пливаат во забранетите области.
Делфините исто така се користат за откривање мини што се закопани во морското дно или кои лебдат во вода, врзани за сидро.
– Делфините се подобри од која било направа за детектирање на мините – вели Пол Начтигал, шеф на програмата за истражување на воените морските цицачи на Универзитетот на Хаваи на заливот Канеое.
Тие исто така се побрзи од која било машина. Делфините можат да бидат особено ефективни во близината на брегот, каде што сурферите, моторите на вода и бродскиот сообраќај создаваат многу бучава. Механички системи може лесно да бидат совладани од натпреварувачките звуци покрај брегот, но не можат да ги прелажат и делфините – вели Пол.
Тоа е затоа што нивниот сонар е толку прецизно нагоден. Делфините и китовите испраќаат серија звуци што се одбиваат од предмети во околината. Цицачите го примаат нивното ехо и формираат акустична слика за нивната околина, способност позната како ехолокација.
Додека, пак, калифорниските морски лавови, не поседуваат способност за сонар, но затоа, пак, имаат одличен изострен вид.
– Морските лавови навистина се добри во наоѓање работи, како што се изгубената опрема – вели Пол.
Морнарицата на САД им прави тестови да ги пронајдат и да донесат скриени мини.
– И калифорниските морски лавови и делфини се мошне жилави, издржливи, паметни и лесно учат.
Морските лавови исто така ја имаат предноста да бидат амфибиски. Затоа морнарицата на САД решила да ги користи нив наместо китовите и делфините, кои исто така првично биле користени – појаснува Пол.