Tемната боја не е показател за квалитетот на лебот, тоа често е само вештачка боја. Најздрав е најтврдиот и најтегав леб

Навистина, многу пекарници почнаа во последно време да произведуваат вистински здрав, тежок црн леб со 95 отсто ’ржано или јачменово брашно, но на рафтовите во продавниците сѐ уште може да се најдат векни што се црни само поради додавање вештачки бои.

Недоволно информираниот купувач лесно може да биде измамен, бидејќи помеѓу вистинскиот и лажниот црн леб често и нема голема разлика во цената.
Пекарот има право да направи леб каков што сака, но тоа мора да биде адекватно напишано на неговата амбалажа во составот на производот. Сите лебови треба да бидат спакувани и да имаат декларација. Но на многу од нив не стојат проценти.
Ако е лебот ’ржан, треба јасно да биде истакнато колку проценти ’ржано брашно има во него.


Ова се неколку начини како да утврдите дали лебот што го купувате ја има вистинската содржина:

 

1. Особини на вистински црн леб
– тврд, збиен и има мала влажност
– има мал мирис на трици
– средината има погруби пори
– никако не може да биде еластичен и мек

2. Леб од трици
– треба да има најмалку 7 проценти трици во него
– им се препорачува на луѓе што имаат проблем со варење на храната
– полн е со диететски влакна и ја поттикнува работата на цревата
– добар е за трудници, бидејќи содржи третина од потребите за фолна киселина

3. Бел леб
– овој леб има најмала прехранбена вредност и често содржи скриени количества шеќер и сол
– откако ќе изедеме едно прче бел леб, шеќерот во крвта нагло расте, па паѓа и чувството на ситост трае кратко

4. Интегрален леб
– интегралниот леб е бел леб, кој е помешан со брашно од други житарки
– има малку повеќе влакна, витамини и минерали од белиот леб
– не е здрав како црниот леб

5. ’Ржан леб
– има повеќе од 20 проценти пченично брашно, а тоа мора да стои на декларацијата
– мешаниот ’ржан леб треба да има 30 отсто ’ржано брашно
– содржи многу витамини, минерали и е богат со влакна, лесно се вари
– создава долготрајно чувство на ситост
– добар е за диета

6. Леб со овесни снегулки
– содржи најмалку 15 проценти овесни снегулки

7. Млечен леб
– најмалку 50 отсто од водата е заменета со млеко

8. Леб со суво грозје
– најмалку 10 проценти суво грозје

9. Леб со продолжена свежина
– треба да трае најмалку пет дена

10. Леб со пченични никулци
– да содржи најмалку 10 отсто пченични никулци