Викендов на платото пред Центарот за култура во Кичево се одржа дванаесеттиот меѓународен фолклорен фестивал на песни и ора „Владимир Полежиноски“. На фестивалот настапија фолклорни ансамбли од Бугарија, Црна Гора, Албанија, Косово и од Македонија.
– На овој фестивал изминатите единаесет години настапиле фолклорни ансамбли речиси сите од континенти, или околу 60 фолклорни друштва продефилирале пред кичевската публика. Во годинешната програма учествуваа фолклорните ансамбли „Топлика“ од Бугарија, ансамблот на МКЦ од Драч, „Његош“ од Цетиње, Црна Гора, „Призрен“ од Косово, „Каршијака“ од Скопје, „Акиф Јахја“ од Теарце, „Лиљан“ од Скопје и локалните фолклорни друштва „Бисер“, „Младост“, „Рацин“ и „Нико Пусоски“.
Во трите вечери на отворената сцена продефилираа повеќе фолклорни ансамбли – информира центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, кој е организатор на овој фестивал.