Сега е фокусиран на менаџерската работа во англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, но Шпанецот Пеп Гвардиола размислува што би работел подоцна.
– Ако се укаже шанса би сакал да станам селектор на некој национален тим. Сигурен сум во тоа. Ако ме сакаат, се разбира – рекол Гвардиола во интервју со Хорхе Валдано за „Мувистар“, а пренесе „Марка“.
Во интервјуто Гвардиола изјавил дека би сакал еден ден да се врати во Барселона, каде што ја почна тренерската кариера.