По повод 8 Септември, Денот на независноста, вечерва, Центарот за култура од Кичево организира настап на групата „Калевала“. Оваа група првите почетоци ги бележи во 2008 година, за низ годините да се профилира како група, која својот репертоар го гради врз преработки на песни од сите делови на светот. Како плод од настапите на повеќето фестивали и други културни манифестации во земјава и надвор, групата создаде и сопствена продукција. Својот автентичен израз „Калевала“ го збогати и со десет авторски песни.
Групата ја сочинуваат Јасна Николовска-Овчароска, вокал, Владимир Овчароски, гитара, Зоран Павловски, контрабас, и Горан Спасевски, удиралки. Почетокот на концертот е во 20 часот.