Пченицата е жито што е богато со бета каротен, витамин Е, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Во комбинација со мед и ореви таа е ризница на здравјето. Меѓутоа поради модерните трендови и здравиот начин на живот, во последно време е актуелно мислењето дека пченицата треба да се избегнува.

Сепак, ова популарно жито, кое со милениуми им служи на луѓето како основна компонента во исхрана, земајќи ги предвид нејзините хранливи и корисни состојки, апсолутно ја оправдува нејзината употреба. Доколку е обработена на вистинскиот начин, пченицата како една од најважните и најчесто користените житни култури во светот, никако не смее да изостанува од нашата трпеза. Целото зрно на пченицата е богато со хранливи материи, кои се од особено значење за нашиот организам. Употребата на интегрална пченица во исхраната е корисно за целиот организам на човекот. Редовното консумирање варена пченица може превентивно да влијае на одредени медицински состојби, како што се запек, хемороиди и рак на дебелото црево.

Најверојатно нема растение што повеќе се користи и што е попознато во целиот свет. Се верува дека пченицата, Triticum на латински, потекнува од југозападните делови од Азија и се верува дека во исхраната се користи уште пред дванаесет милениуми.
Во 100 гр неварена пченица има 351 калорија, 13 грама протеини, 2,5 грама масти и 70 грама јаглехидрати.


Зошто да консумирате интегрална варена пченица?

Интегралната варена пченица содржи голем број хранливи материи.
Белото пченично брашно има минимални хранливи придобивки, бидејќи за време на обработката губи повеќе од 50 отсто од својата хранлива вредност. Тоа е сиромашно со Б-комплекс витамини, витамин Е, фолна киселина, фосфор, цинк, влакна, железо, како и сите други елементи. Но интегралното брашно, од друга страна, ги содржи сите од овие состојки. Затоа се препорачува да консумирате тестенини од ова брашно.


Зошто е корисна варената пченица?

Варената пченица е одличен извор на хранливи материи, со посебен акцент на хранливите влакна и минералите. Таа обезбедува оптимално количество корисни материи за човековото тело и воопшто корист за здравјето.
Во една чаша варена пченица има 151 калорија, 8,19 грама хранливи влакна, 58 грама магнезиум, 11,1 г манган, 0,09 г триптофан.
Спречување рак – Варената пченица содржи лигнани, кои имаат антиканцерогено дејство. Всушност, научните истражувања покажа дека ова е особено точно за ракот на дојката. Една студија покажа дека консумирањето мали дози пченица трипати дневно може да ја намали концентрацијата на жолчни киселини и бактерии во столицата, за кои се смета дека се поттикнувачи на рак на дебелото црево.
Регулирање на телесната тежина – Консумирањето интегрална варена пченица може да помогне да се регулира и одржувањето на телесната тежина, бидејќи ја спречува појавата на собирање масти во стомачниот дел, додека обезбедува оптимално количество добар холестерол, триглицериди и го одржува крвниот притисок.
Природни лаксативи – Интегралната пченица дејствува како природен лаксатив, поради тоа што е богати со влакна, фосфор и Б витамини.


Приготвување варена пченица

Како и некои други жита, пченицата е најдобро да се потопи во вода и да се остави во текот на ноќта да отстои. Потоа се процедува и се вари. Количеството вода за готвење треба да биде на ниво на четири прсти над пченица. Се вари околу половина час до четириесет минути на тивок оган. Можете да додадете и јаткасти плодови, цимет, мед, суво грозје, но можете да ја ставате и во салати.