На 22 декември во арената „Јане Сандански“ во скопски Аеродром
Во пресрет на веселите новогодишни празници, за децата и сите оние што се чувствуваат младо, на 22 декември (недела) ќе се одржи „Зимска бајка“ во арената „Јане Сандански“ во Аеродром, Скопје.
Почетокот на претставата е во 12 часот, а организаторот најавува вистинска неколкучасовна забава.
На овој детски спектакл ќе има пеење, смеење, играње, тука ќе бидат омилените детски музички ѕвезди, како и учесниците на фестивалите „Златно славејче“ и „Поточиња“, а ќе ги видиме и омилените детски ликови Биби и Боби. Секако, ќе пристигне и Дедо Мраз, овој пат заедно со Андреј и Панчо од „ДНК“.