Парламентот на Бугарија едногласно и дефинитивно воведе забрана за употреба, продажба и за нудење бесчадни и загреани тутунски производи за деца под 18 години. Дополнително, пратениците гласаа и за целосна забрана за нивно рекламирање на радио и телевизија
Бугарија
Измените на Законот за заштита на децата (во врска со забраната за продажба и употреба на бесчадни и загреани тутунски производи за деца под 18 години) воведуваат целосно ограничување на употребата, продажбата и на снабдувањето малолетни лица со нетутунски производи, бесчадни, нови, загреани тутунски производи. Според усвоениот закон, како нетутунски производи се подразбираат супстанции, течности и производи базирани на растенија, билки или овошје што не содржат тутун или никотин и можат да се консумираат со согорување, загревање, испарување или каков било друг процес, како и растенија и супстанции забранети со Законот за контрола на наркотични супстанции и прекурсори. Според извори во бугарските медиуми, следниот чекор на новиот бугарски парламент ќе биде забрана за употребата на енергетските пијалаци меѓу тинејџерите, што повторно се планира да биде едногласно изгласано во парламентот. Р.С.
Бугарија е втора во ЕУ по зголемени трошоци за работната сила
Истражување на „Евростат“ за вториот квартал од 2024 година на европскиот пазар на трудот покажува дека најголем пораст на трошокот за саатницата за вработен има во Хрватска – 17,6, во Бугарија има 15,4 отсто, а во Романија 15 отсто. Бугарскиот печат објави информација дека работната сила има тенденција да поскапи, а истовремено во следните 10-12 години работната сила ќе се намали (по бројност во Бугарија) за повеќе од 400 илјади луѓе. Во медиумите во Бугарија се констатира дека „не само приватниот сектор туку и јавниот сектор ќе мора да научи да работи со помалку луѓе што користат технологија“. Р.С.