Нега и убавина
Заборавете на комплицираниот стил. Фризурата што го освои летото 2025 е направена без топлина, изгледа природно и совршено се вклопува со сите модни комбинации. Фризурата е всушност брановидна, односно малку разбушавени бранови во вашата коса што изгледаат како штотуку да сте излегле од јахта некаде на Миконос.
Кадриците изгледаат сосема спонтани, но зад тој „невнимателен“ изглед се кријат паметни трикови на стилистите. Оваа фризура совршено ја доловува сончевата светлина, дава волумен без напор и изгледа поскапо отколку што е.
Како да ја постигнете без да одите на фризер? Исплетете неколку лабави плетенки на влажна коса пред спиење. Користете фигаро со широк дијаметар или брановидна преса за природен ефект на бранови. Спрејот со морска сол е задолжителен, додава текстура и лесен мат-финиш што држи сè на место без косата да биде крута. За дополнителен ефект: додадете пар шноли со школки или цветови. Брановите изгледаат одлично на која било должина, од краток боб до долга слоевита коса.
Брановите во форма на сирена им одговараат на сите. Без разлика дали имате густа или тенка коса, права или малку брановидна, со неколку трика, ќе добиете форма што изгледа природно, женствено и модерно. И најдобро од сè? Кадриците не мора да бидат совршени. Колку повеќе текстура и разиграност, толку подобро. Зошто е ова фризурата на летото? Затоа што се носи со костим за капење, ленен комплет или вечерна тоалета. Затоа што може да издржи ветер, сол, пот и забава под ѕвездите. Затоа што не ви требаат 45 минути и многу подготовка за да изгледате како штотуку да сте се симнале од насловна страница на списание.