Водата од банана се добива од кората. Лесно е да се направи: само потопете ги корите од банана во вода и оставете ги неколку недели во тегла или во кофа, а потоа прелејте ја течноста врз вашите растенија. Натопувањето на лушпите од банана ослободува хранливи материи како калиум и калциум во водата, создавајќи евтино домашно течно ѓубриво. Растенијата се новите миленици. Затоа не е изненадување што сопствениците на растенија секогаш бараат следно одлично нешто што ќе им помогне да ги одгледуваат своите зелени пријатели во затворен простор и на отворено. Градинарката Стефани Стивенсон вели дека во моментов има еден тренд што сигурно ќе ја претвори секоја градина во рај.
Бананите се богати со калиум, калциум, фосфор и магнезиум, а оваа комбинација ќе го стимулира растот на растенијата.
Некои градинари велат дека ова е одлично решение, но во моментов нема научни докази дека водата од банана всушност содржи доволно калиум за да направи разлика. Сепак постои добра причина да се користи вода од банана. Бананите се богати со калиум, суштински макронутриент што го поттикнува растот на растенијата, ги зајакнува стеблата и им помага на растенијата подобро да се спротивстават на сушата и штетниците. Студија спроведена од универзитетскиот колеџ „Макерере“ сугерира дека правењето вода од банана со варени кори од банана може да биде поефикасен начин за зголемување на нивото на калиум, но потребни се повеќе истражувања за тоа. Она што е сигурно е дека многу домашни градинари укажуваат дека забележале разлика во своите растенија откако користеле вода од банана.
Можете да користите вода од банана на кое било растение во вашата градина или колекција собни растенија. Дополнителниот калиум е особено корисен за овошни и цветни растенија, иако сите растенија можат да имаат корист од малку додаден калиум. Ќе дејствува добро на домати, пиперки, рози, орхидеи, папрати.