Кина го заврши клиничкото испитување на комбинирана ксеногена трансплантација (користење органи од животни) на црн дроб и бубрег во Кунминг, во југозападната кинеска провинција Јунан. Клиничкото испитување беше заеднички спроведено од Првата поврзана болница на Медицинскиот универзитет „Кунминг“, болницата „Цингхуа Чангунг“ во Пекинг и Земјоделскиот универзитет „Јунан“. Успешно трансплантирале бубрег и црн дроб од свиња на човек мртов мозочно. Осум гени на свињата беа уредени пред трансплантацијата.
Урината течела и жолчката лачела по трансплантацијата на бубрегот и црниот дроб, додека кај двајцата имало отворен проток на крв. Покрај тоа, трансплантираниот црн дроб и бубрег биле црвени, а протокот на крв бил мазен, велат од болниците.
Операцијата, која траеше повеќе од осум часа и беше завршена на 19 март, е првата комбинирана ксеногена трансплантација на црн дроб и бубрег од свиња на човек до денес. Со тоа успешно се потврди можноста за користење свински органи уредени со ген во комбинирана трансплантација за ефикасна замена на човечки органи, што постави важна основа за понатамошен развој на ксеногена трансплантација.
Примачот бил 52-годишен маж што покажал спонтано церебрално крвавење во комбинација со церебрална хернија. Тој беше оценет како мозочно мртов преку строга процедура за утврдување, а неговото семејство се согласи на научно истражување на ксеногена трансплантација без да добие надомест.
– И црниот дроб и бубрезите беа функционални по трансплантацијата – рече Зенг Жонг, директор на Првата поврзана болница на Медицинскиот универзитет „Кунминг“.
– Податоците добиени за време на процедурата за трансплантација на црн дроб и бубрези во Кунминг генерално ја потврдија уникатната интеракција помеѓу ксеноуредените органи и човечкиот имунолошки систем и специфичноста на различните ксеногени органи во однос на моделите на генска експресија и разликите во имунолошкиот одговор во човековата средина – рече Донг Џиахонг, академик од Кинеската академија за инженерство.
Во моментов, процедурата за мултигенско уредување на свињи за да служат како ксеногени донатори на органи е широко проучувана и потврдена.