ФОТОВЕСТ
Некои од седмоодделенците и од осмоодделенците од ООУ „Живко Брајковски“ од општината Бутел, Скопје, неодамна ја посетија Ботаничката градина при Природноматематичкиот факултет во Скопје.
Учениците имаа можност да се запознаат со различни растителни видови и нивната класификација. Тие имаа можност да учествуваат во работилница и да подготват микроскопски препарати од делови на растенијата.
Сте ја посетиле ли вие Ботаничката градина?