Инспирирани од јубилејната изложба на нашиот познат уметник Мирослав Масин, која е во тек во националната галерија „Даутпашин амам“ во Скопје, со интересен наслов „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“, четворица ученици од скопското ООУ „Св. Климент Охридски“ во с. Драчево, во петокот се запознаа со уметникот. Му поставија „тешки“ прашања, на кои тој со задоволство им одговори, а потоа твореа и создадоа свои цртежи инспирирани од изложените дела. Во работилницата учествуваа: Андреј Радевски, Марија Тренковска, Ева Пешевска и Дарија Крстевска, сите седмоодделенци.
– На работилницата учениците беа со наставничката по техничко и информатика, В. Терзиева, и библиотекарката Н. Старделова. Ова е повторна наша соработка со галеријата, по многубројните наши посети, работилници, изложби на реномирани наши уметници, и благодарни сме за поканите и водството на нашата Маја Димитрова, која неуморно работи со учениците и нивните ментори за да ја доближи уметноста до учениците за да „ја доживеат и почувствуваат“ зашто само чувството е она што се памети и останува – велат од училиштето.