Во Струмица во пресрет на Меѓународниот ден на литературата за деца

Во пресрет на Меѓународниот ден на литературата за деца, 2 април, во организација на домот за деца и за млади „Благој Мучето“ во Струмица, викендов беше одржан забавен час – дружење со писатели на литература за деца од Бугарија, како и со македонски роднокрајни автори.
Можноста да уживаат во песните и досетките на авторите ја имаа ученици од четврто одделение од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица.
Со свои песни се претставија Катја Кирјанова, Валја Црнакова и Витка Димитрова од Бугарија, препеани на македонски јазик од нашиот познат фолклорист Иван Котев.
Од домашните автори учествуваа Славица Ѓузелова Андреева и меѓу децата многу популарниот Киро Донев.
А.Ѓ.