За македонските репрезентативци турнирот беше последна проверка пред квалификациите за пласман на ЕП 2026 и дуелите со Грција и со Грузија идната недела
ТУРНИР „БРАНКО ХАЏИИЉОСКИ-ЧАЈКА“
Машката одбојкарска репрезентацијата на Бугарија триумфира на 49. издание на меморијалниот меѓународен турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“, кој во три дена се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Бугарските репрезентативци се закитија и со индивидуални награди, Христијан Димитров е најкорисен играч на турнирот, а Љубослав Телкиски е најдобар техничар. Селекцијата на Швајцарија го освои второто место, а македонските репрезентативци се на третата позиција.
Во третиот натпревар на турнирот, македонските одбојкарки загубија со 0-3 (20-25, 26-28, 23-25) од Бугарија. Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен кај црвено-жолтите со 15 поени. Македонија во првиот меч загуби од Швајцарија со 1-3 (25-23, 15-25, 24-26, 23-25), а во вториот Бугарија ја победи Швајцарија со 3-1 (25-23, 27-25, 18-25, 25-22).
За македонските репрезентативци турнирот беше последна проверка пред квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) в година и дуелите со Грција (среда) и Грузија (17 август), во групата Ф. На континенталното првенство ќе играат победниците на седумте квалификациски групи и петте најдобри меѓу второпласираните. По првите две кола, во групата Ф, Грција има шест бода, Македонија три, а Грузија е без бодови. Г.И.