Добри вести доаѓаат од Бостон: чоколадото може да го забави когнитивниот пад кај луѓето со висок ризик од деменција. Истражувачите од општата болница „Бригам“ во Бостон спроведоа студија во која на учесниците во експериментот им дадоа 500 милиграми додатоци на екстракт од какао – што е еквивалент на грст коцки темно чоколадо. Вкупно 600 возрасни над 60 години биле поделени во две групи: едната јадела чоколадо секој ден во текот на две години, додека другата добивала плацебо. Сите тие направиле серија когнитивни и психолошки тестови пред и по консумирањето. Учесниците биле тестирани на различни когнитивни задачи, како што се меморија, внимание, брзина на обработка на информации и решавање проблеми. Резултатите покажале дека групата што примала екстракт од какао се покажала значително подобро на тестовите, особено оние што ја мерат брзината на обработка на информации и решавањето на проблемите.
Темното чоколадо не е лек, но е познато по многубројните здравствени придобивки, како што се подобрување на расположението, намалување на крвниот притисок и зајакнување на имунитетот. Се смета дека храната како какао, бобинки, кељ, кромид и чај, која содржи антиоксиданти со антиинфламаторни својства, го намалува ризикот од невродегенеративни болести како деменција со намалување на воспалението во мозокот. Какаото, особено, содржи флаванол епикатехин, за кој е докажано дека ги намалува воспалението и дегенерацијата во мозокот. Темното чоколадо содржи околу 170 милиграми флаваноли на 100 грама, додека млечното чоколадо има 75 милиграми на 100 грама. Затоа е важно да изберете некое со висок процент на какао од најмалку 70 проценти, да го консумирате умерено и да јадете разновидна исхрана.
Студијата беше поддржана од Националниот институт за здравје на Велика Британија.