Фото: ЕПА
  • Сите засегнати страни имаат постојан став дека ќе се одржи структуриран преглед по првата фаза од сезоната, за да се овозможат собирање и анализа на доволно податоци. Затоа, во април се закажани голем број состаноци за да се процени функционирањето на новите регулативи и да се утврди дали се потребни подобрувања. Секое потенцијално приспособување, особено оние што се поврзани со управувањето со енергијата, бара внимателна симулација и детална анализа, изјави ФИА, пренесе „Ројтерс“

Најдобрите технички експерти во Формула 1 (Ф1) ќе се состанат идната недела на првиот од серијата состаноци за да разговараат за новите правила за моторите во спортот и какви измени треба да се направат по три трки, пишува агенцијата „Ројтерс“. Малку е веројатно дека ќе има многу непосредни вести од она што ќе биде продолжена дискусија во следните неколку недели пред да се донесат какви било одлуки, вклучувајќи и веројатни промени во софтверот околу енергијата.

Новите погонски единици, поделени приближно 50-50 помеѓу електричниот и моторот со внатрешно согорување, донесоа нови предизвици. Возачите мора тактички да го отпуштат гасот рано и да се движат во свиоци со голема брзина, што нормално би било голем тест за храброст, за да може моторот со внатрешно согорување да ја наполни батеријата. „Суперклипинг“ е кога енергијата автоматски се пренасочува од моторот кон батеријата, со ефект на забавување на автомобилот на правите делови на патеката дури и ако возачот сака да вози со полн гас, пишува „Ројтерс“.
– Сите засегнати страни имаат постојан став дека ќе се одржи структуриран преглед по првата фаза од сезоната, за да се овозможат собирање и анализа на доволно податоци. Затоа, во април се закажани голем број состаноци за да се процени функционирањето на новите регулативи и да се утврди дали се потребни подобрувања. Секое потенцијално приспособување, особено оние што се поврзани со управувањето со енергијата, бара внимателна симулација и детална анализа – изјави Меѓународна автомобилска федерација (ФИА) по трката за големата награда на Јапонија во март, пренесе „Ројтерс“.

На состанокот на техничките експерти в четврток, без присуство на директорите на тимовите, ќе се разговара за идеи и за опции, ќе има и нов собир една недела подоцна, а потоа директорите на тимовите, Меѓународната автомобилска федерација и Формула 1 ќе се состанат на 20 април, при што се очекува да се појават предлози и да бидат ставени на онлајн гласање, пишува „Ројтерс“. Возачите во Формула 1 се консултирани за нивниот придонес, некои се изјаснија во корист на новата форма на трки, други беа многу критични, пишува „Ројтерс“. Н.М.