Нега и убавина

Создавањето конзистентна рутина за вежбање ќе бара одредена посветеност, според новите податоци. Една неодамнешна студија објавена во списанието „Просидингс оф д нешнл академи оф сајенсис“ покажа дека времето потребно за да се стекнете со навика за вежбање е подолго отколку што би сакале, околу шест месеци.
Истражувањето спроведено од истражувачи од Универзитетот во Чикаго и Универзитетот во Пенсилванија се осврна на формирањето неколку вида навики, а делот за вежбањето особено ги изненади експертите, пренесува „Хафпост“.
Имено, тие ги следеле шаблоните на 30.000 лица што редовно посетуваат вежбалница, во период од четири години. Резултатите покажаа дека е потребно околу половина година за луѓето да развијат постојана навика за вежбање во вежбалница.
Како што објаснуваат авторите на студијата, испитаниците обично оделе во вежбалница неколкупати неделно. Времето помеѓу посетите во вежбалница одиграло најголема улога во формирањето на навиката дури кај 76 отсто од учесниците во студијата.
Имено, колку е подолго времето помеѓу посетите во вежбалница, толку е помала веројатноста некој да се врати на редовно вежбање.