Наставниците од основното училиште „Братство/Миѓени“ од Тетово неодамна имаа можност креативно да се изразат изработувајќи и декорирајќи предмети инспирирани од традицијата. Создадената магија преку сценографијата тие им ја пренесоа на нивните ученици.
– Сакаме децата да ја почувствуваат магијата на традицијата и да ја слушнат тивката порака што ја носи секој предмет: Чувај го коренот, за да знаеш каде припаѓаш – велат од училиштето.
Во училишниот ходник наставниците создадоа катче што потсетува на стара тетовска визба полна со зимница, но и со традиционални предмети што носат спомени од минатото и будат топлина.