Што имаат заедничко растенијата, печурките и жабите? Ако ви падна на памет зелената боја, во право сте, но не и во овој случај. Имено, поединечни членови на сите три вида можат да произведуваат психоделични супстанции. А сега научниците малку си поиграа со гените и создадоа суперрастенија што на тој начин станаа фабрика за природни психоделични супстанции.
Како што наведуваат во студија објавена во списанието „Сајенс адвансис“, тие зелени гени од оние организми што се одговорни за создавање пет природни психоделични супстанции (псилоцин и псилоцибин, кои се наоѓаат во печурките, ДМТ од растенијата и буфотенин и 5-метокси-ДМТ) ги вовеле во обична билка тутун, која потоа почнала да ги произведува тие пет психоделични супстанции истовремено. И пред да помислите дека научниците ја поддржуваат употребата на дроги, нивната цел е всушност благородна. Научниците сè повеќе ги истражуваат психоделиците како потенцијални лекови за болести како што се депресија, анксиозност и ПТСН. Во оваа светлина, ова ново растение би можело да им помогне да произведуваат психоделични супстанции за понатамошни истражувања.
– Нашата стратегија воспостави хетерологен растителен систем за производство на пет истакнати терапевтски вредни соединенија, нивни деривати и неприродни растителни аналози, со што ни обезбеди почетна точка за нивно производство во растенијата – нагласуваат истражувачите од институтот за наука „Вајцман“ во Израел.
Претходните студии покажаа дека триптаминските психоделици (соединенија што вклучуваат псилоцин, псилоцибин и голем број диметилтриптамински соединенија) може да претставуваат неискористен ресурс кога станува збор за третман на ментално здравје. Научниците Пола Берман и Јанка Хофер и нивниот тим ги идентификуваа клучните гени во две растенија (Psychotria viridis и Acacia acuminata), кои се одговорни за создавање соединенија на диметилтриптамин, и ги утврдија клучните хемиски соединенија вклучени во нивното создавање. Потоа ги комбинирале тие гени и хемиски соединенија во психоделични печурки и трска, додале ензими од ориз и крес и ги вметнале сите заедно во гените на обично растение тутун. Тимот внимателно ги следеше растот на ова суперрастение и нивоата на психоделични супстанции што ги произведуваше. Модифицираното растение тутун успеа да ги произведе сите пет психоделични супстанции истовремено, некои во поголеми некои во помали количества. Важно е што произведените количества покажаа дека, со малку рафинирање, е можно да се користи ваков систем за идно производство на психоделични супстанции за истражувачки цели.
































