Фото: Пиксабеј

Домување

Воздухот во станот често може да биде понездрав од надворешниот, бидејќи загадувачите се акумулираат во затворен простор. Иако внатрешните извори се проблем, големо количество на загадување влегува во станот преку прозорците и вентилацијата, особено ПМ-честички, кои се ситни лебдечки честички од издувни гасови од сообраќајот, индустријата, ложиштата и чадот. Потоа тука се азотни оксиди и сулфур диоксид, но и ослободување на азот диоксид ако готвите на гасен шпорет.
Печењето и пржењето исто така создаваат ситни ПМ-честички и други загадувачи, а пушењето и греењето со печки на дрва, јаглен или пелети спаѓаат во значајни загадувачи на воздухот во домот. Сепак, неочекувано, но во ист кош се многу предмети во домаќинството што испуштаат формалдехид и хемикалии, како и производи за домаќинство, бидејќи средствата за чистење се полни со амонијак и хлор.
Прашината и бактериите што се собираат во килимите, постелнината и мебелот го загадуваат воздухот, а мувлата ослободува спори во воздухот. Исто така штетни се и влакната од домашните миленици и поленот, што го влошува квалитетот на воздухот.
Како да се намали загадувањето на воздухот во станот? Редовно проветрување, кратко и интензивно отворање на прозорците 5-10 минути неколкупати дневно е клучно за одржување на хигиената на воздухот во станот. Потоа користете аспиратор во кујната и во бањата и, ако е потребно, одвлажнувач. Не двоумете се да користите апарати и јаглени филтри бидејќи тие значително може да отстранат честички и гасови. И најважно, избегнувајте силни хемикалии и освежувачи. За чистење сè повеќе користете природни алтернативи како што се оцет и сода бикарбона.