Домување
Спуштете ги ролетните: Со затемнување на просторот со ролетни, ќе спречите сончевите зраци да влезат во просторијата и со тоа ќе ја намалите топлината во текот на денот. Ако немате ролетни на прозорците, тогаш користете светли завеси и држете ги повлечени преку прозорците.
Користете памучни материјали: Погрижете се покривките во вашиот дом да бидат од 100 проценти памук. Оставете ги сатенските и полиестерските чаршафи за постудени ноќи и заменете ги со памучни чаршафи. Памучниот материјал повеќе дише и е пријатен за кожата.
Исклучете ги електричните уреди: Електричните уреди дополнително го загреваат просторот, дури и едноставна светилка. Затоа се препорачува да се исклучи светлото за да не се загрее просторијата дополнително. Исто така, исклучете ги сите електронски уреди и приклучоци од штекер. Тие можат да испуштаат топлина дури и кога не се користат.
Трикови со вентилатор: За време на топлите летни денови, многумина го разладуваат просторот со помош на вентилатори. Многу луѓе го користат вентилаторот вртејќи го кон местото каде што се наоѓаат. Меѓутоа, ќе постигнете подобар ефект на ладење ако го поставите пред отворен прозорец за навистина да циркулира студениот воздух.
Можете исто така да направите т.н. „двоен ветер“ во просторијата, со кој ќе го исфрлите топлиот воздух од просторијата и ќе го оставите да помине постудениот воздух. Прво, затворете ги сите прозорци и врати и затворете ги сите ролетни во текот на денот, а овој трик со вентилатор направете го ноќе, така што ќе ги отворите сите прозорци и ќе го поставите вентилаторот покрај прозорецот свртен нанадвор. На тој начин ќе го исфрлите топлиот воздух надвор. Поставете го вториот вентилатор до другиот прозорец, но свртете го навнатре, за да циркулира поладен воздух однадвор кон внатре.