Во просториите на Македонскиот народен театар (МНТ) се одржува петдневна работилница посветена на аудиовизуелното и сценско создавање претстава, со фокус на светлото и на тонот. Работилницата се реализира преку дијалошки пристап, практична работа и теренски активности, за учесниците да стекнат конкретни вештини и искуства во процесот на сценско создавање. Целите и содржината на работилницата се насочени кон процесот на создавање сценска претстава, техничките аспекти на продукцијата: светло, тон и визуелен дизајн и практична примена преку демонстрации.
Предавачите од Финска: Јари Јуутинен, режисер, Теему Нурмелин, дизајнер на светло, видео и сценографија, и Виле МЈ Хивонен, аудиовизуелен дизајнер, музички продуцент и кинематограф, преку внимателно структурирана програма на професионалните учесници, низ дискусии и демонстрации, ќе се фокусираат на дизајнот на тонот, предавања и демонстрации со акцент на дизајнот на светлото, креирање сцени и финална демонстрација на резултатите во студио или театарски простор.
Учесниците ќе имаат можност да работат индивидуално или во мали групи, што овозможува флексибилен и персонализиран пристап. Оваа работилница претставува одлична можност за професионалците од областа на театарот, визуелните уметности и продукцијата што сакаат да ги продлабочат своето знаење и вештини во комбинирање на светлото, звукот и наративот во сценска форма.