Наративите jus ad bellum и jus in bello ја рефлектираат традиционалната дихотомија меѓу војната и мирот, при што jus ad bellum преставува збир на закони што обезбедуваат основа за оправдување на транзицијата од мир во војна, додека, пак, jus in bello преставува збир на правила што од хуманитарни причини имаат цел да ги лимитираат ефектите од оружените конфликти. Оттука, не почитувајќи го меѓународното право, Алијансата започнувањето на воените дејства го прави однесувајќи се над законите – legibus solutus, поседувајќи моќ на одлучување без да ги почитува законите и правилата што важат за сите други. Познато е дека ниту Алијансата ниту нејзините земји членки немаат право да започнат војна или оружени дејства без дозвола на Советот за безбедност на ОН, меѓутоа во последните дваесетина години дејствувањата на Алијансата се спроведуваат без формално да се објави војна, што е особено значајно бидејќи објавата на војна мора да биде ратификувана од законодавните тела на земјите членки, претворајќи ја војната во предмет на внатрешнополитички оцени и дебати, што, по правило, не се случува
Џони Штулиќ пееше: „Балкане, Балкане, Балкане мој / Биди ми силен и добро ми стои /… Ние сме… проколнати од судбината / Секогаш некој околу нас / Доаѓа и ни се заканува“, Дејан Дуковски пишуваше за балканските општествено-културни стереотипи доживувани од наша страна, но бесрамно протолкувани од други, додека пак „Меморија“ пееше: „Кога си сам, и тажно е сè, на неа ти сети се, Македонија ти нуди љубов и сè“ (Дадо Топиќ). Олимпијадата во Париз започна со уличната песна на Француската револуција: „Благородници на улични светилки, / благородници, сите ќе висите!“, а денешниов текст има наслов „Пукајте и на нас, не сме шугави“. За значењето на насловот – графит од Никшиќ, на црногорски јазик „Гађајте и нас, нијесмо шугави“, ќе пишувам подолу, прво за меѓународното (не)право.
Во последната деценија од минатиот век и првата деценија на овој век се појавија неколку влијателни, за едни значајни но за други контроверзни, мислители – тука пред сѐ мислам на професорите (ќе спомнам само тројца, иако листата е поголема): Бери Бјузан (Barry Buzan), Антони Гиднс (Anthony Giddens) и Хедли Бул (Hedley Bull) – сите професори на Лондонската школа по економија (London School of Economics), Бјузан и Бул членови на Британската академија, Гиднс професор и на универзитетот „Кембриџ“, додека, пак, Бул професор и на универзитетот „Оксфорд“, кои ја обликуваа, во голем дел, политичката мисла по меѓународното право, што овозможи, грубо зборувајќи, да се прошири влијанието на Атлантската алијанса, менувајќи го меѓународното јавно право и наметнувајќи легитимност на ius publicum atlanticum над ius publicum europaeum (атлантското јавно право над европското јавно право). Двата концепта (ius publicum atlanticum и ius publicum europaeum) не се, сѐ уште, во целост завршени, така, на пример, досегашните резултати од проектот ius publicum europaeum, кој започна во 2007 година на институтот за компаративно јавно право и меѓународно право „Макс Планк“ во Хајделберг, се сумирани во четири книги (последните две објавени во 2023 година).
Концептот ius publicum atlanticum произлезе од итноста за нов културен архетип – атлантска (читај НАТО) цивилизација, која тргнувајќи од своите сопствени вредности поддржува однесувања што подготвуваат терен за нови закономерности и дејствувања со единствена цел – водење дискриминаторски војни во името на „универзалниот и апсолутен мир“.
Таквиот пристап овозможи НАТО да започнува војни прекршувајќи ги конвенционалните пристапи сумирани во термините jus ad bellum и jus in bello. Наративите jus ad bellum и jus in bello ја рефлектираат традиционалната дихотомија меѓу војната и мирот, при што jus ad bellum преставува збир на закони што обезбедуваат основа за оправдување на транзицијата од мир во војна, додека, пак, jus in bello преставува збир на правила што од хуманитарни причини имаат цел да ги лимитираат ефектите од оружените конфликти. Оттука, не почитувајќи го меѓународното право, Алијансата започнувањето на воените дејства го прави однесувајќи се над законите – legibus solutus, поседувајќи моќ на одлучување без да ги почитува законите и правилата што важат за сите други. Познато е дека ниту Алијансата ниту нејзините земји членки немаат право да започнат војна или оружени дејства без дозвола на Советот за безбедност на ОН, меѓутоа во последните дваесетина години дејствувањата на Алијансата се спроведуваат без формално да се објави војна, што е особено значајно бидејќи објавата на војна мора да биде ратификувана од законодавните тела на земјите членки, претворајќи ја војната во предмет на внатрешнополитички оцени и дебати, што, по правило, не се случува. Повикувајќи се на вонредна состојба, одлучувајќи да понуди произволен одговор на вечното прашање „quis judicabit?“ (кој суди, кој одлучува, кој толкува) и водејќи необјавена војна, за која не се дебатира, разговара, оценува, НАТО всушност ја институционализира постапката „универзален државен удар“ (која во минатото скриено ја правеа разузнавачките агенции).
Графитот во Никшиќ е, всушност, луциден одговор на воената операција на НАТО против СР Југославија во периодот од 24 март до 10 јуни 1999 година – воена операција што не беше одобрена од ниту една држава членка на НАТО, вклучувајќи ги и САД. Војната во Југославија не е предмет на овој текст (не негирајќи дека мораше да се застане на патот на плановите на Милошевиќ), туку за Македонците во Егеј и во Пирин. Ако човековите права се денес лингва франка на политиката – М.М.Е., што е со правата на Македонците, како да се објасни однесувањето на нашите „сојузници“ гледајќи ги геноцидот на Македонците и негирањето на постоењето на Македонци во Грција и во Бугарија? Првата асоцијација на текстот на Христо Ивановски „Трескотите на грчките црни печати“ беше графитот во Никшиќ. Тргнувајќи од тоа дека претставниците на здруженијата од Егејот и активистите во Македонија, меѓутоа и Македонците што стекнале пасоши во други држави – САД, Канада, Австралија…, се наоѓаат на грчката црна листа, надополнувајќи се на мерките на нашата влада – за црните печати на Мицотакис ќе разбере светот, повикувам и на граѓански отпор од сите Македонци. Ќе почнам со себе: И мене ставете ме на листата, не сум шугав
Човековите права денес се лингва франка на политиката – без оглед на историските традиции, културните разлики и политичките граници, милиони луѓе низ светот го разбираат и зборуваат тој јазик, милиони се мобилизирани од тој јазик за да понудат отпор, одбрана и солидарност. Сепак, „граматиката“ на овој јазик е далеку од очигледна – таа е поле на толкување и конфликт, односно поле на политика, оттука, секогаш постои опасност „Императорот“ да одлучува, суди, толкува. За да се претвори идеологијата за човекови права во воена идеологија, беше потребен еден дополнителен елемент: недискриминаторско демонизирање на народите преку идејата за колективна одговорност. Тоа успешно го направија, меѓу повеќето мислители, и тројцата веќе споменати професори, но тука ќе цитирам само еден. На прашањето дали луѓето имаат влади какви што заслужуваат, Бјузен во еден труд објавен во Билтенот на Центарот за проучување демократија (том 7, бр. 1) (од 1999 година), одговара афирмативно: „Ако луѓето навистина ја заслужуваат владата што ја добиваат и ако таа влада грубо ги прекршува стандардите на цивилизацијата, тогаш …, треба да има помалку морални грижи за ограничувањата на употребата на сила. Ако владата го одразува народот и спроведува политики неприфатливи за основните човекови права, тогаш војната мора и треба да биде и против владата и против народот/луѓето“.
Ваквиот долг вовед има цел да го објасни насловот на денешниов есеј. Графитот во Никшиќ е, всушност, луциден одговор на воената операција на НАТО против СР Југославија во периодот од 24 март до 10 јуни 1999 година – воена операција што не беше одобрена од нити една држава членка на НАТО, вклучувајќи ги и САД. Војната во Југославија не е предмет на овој текст (не негирајќи дека мораше да се застане на патот на плановите на Милошевиќ), туку за Македонците во Егеј и во Пирин. Ако човековите права се денес лингва франка на политиката – М.М.Е., што е со правата на Македонците, како да се објасни однесувањето на нашите „сојузници“ гледајќи ги геноцидот на Македонците и негирањето на постоењето на Македонци во Грција и во Бугарија? Првата асоцијација на текстот на Христо Ивановски „Трескотите на грчките црни печати“ беше графитот во Никшиќ. Тргнувајќи од тоа дека претставниците на здруженијата од Егејот и активистите во Македонија, меѓутоа и Македонците што стекнале пасоши во други држави – САД, Канада, Австралија …, се наоѓаат на грчката црна листа, надополнувајќи се на мерките на нашата влада – за црните печати на Мицотакис ќе разбере светот, повикувам и на граѓански отпор од сите Македонци. Ќе почнам со себе: И мене ставете ме на листата, не сум шугав.