Што добива Македонија ако прифатиме приватен инвеститор? Пред сѐ цената на топлинската енергија е само 40 отсто во однос на топлинската енергија произведена во котелските постројки. Пример се топлификацискиот систем во Скопје и цената на топлинската енергија купена од ТЕ-ТО. Во постројката ќе бидат вработени граѓани на Македонија. Дел од потребите на системот ќе ги сервисираат македонски компании. Овие постројки и инсталации ќе бидат сопственост на фирмата инвеститор, која ќе остварува профит со продажбата на електрична енергија. Дали треба да се прифати тие да инвестираат во Македонија за изградба на когенеративни постројки и инсталации за дистрибуција на природен гас? Мојот став е ДА, затоа што во овој период од десетина години, македонскиот буџет не може да ги покрие сите потребни инвестиции прикажани во стратегиските документи. Не треба да се чекаат 10 или повеќе години за да дојде на ред изградбата на овие инсталации и за да имаат можност потрошувачите да ги користат придобивките од когенерацијата и пристапот до природен гас, поради финансиската инсуфициенција на Македонија. Мора итно да се инвестира во нови енергетски постројки што ќе користат природен гас, за да се обезбеди потребното базно производство на електрична енергија. И да се оправда инвестицијата во гасоводот
Кога размислуваме за суверенитет и одржлив развој на Македонија… (2)
Приватниот сектор веќе презема огромен дел од инвестициите во изградба на гасни, ветерни и сончеви електроцентрали. И тоа е добро – нека продолжи. Но државата мора да го препознае своето место. Хидроенергијата е национален ресурс и треба да остане под државна капа. Моментот е Владата да се посвети на изградба на хидроцентрали – базни, акумулациски.
Изградба на когенеративна постројка со капацитет од 200-240 мегавати во Скопје. Зошто токму во Скопје? Затоа што има изградена топлификациска дистрибутивна мрежа. Има доволно топлински конзум за да се искористи 100 отсто капацитетот на постројката. Вториот објект треба да се изгради во Битола, како замена за постојните блокови и за да ја преземе улогата за снабдување со топлинска енергија на градот, по затворање на РЕК. Во овој сектор, се појавува заинтересиран инвеститор да инвестира во когенеративни постројки и дистрибуција на природен гас – турската компанија „Казанџик“! Што добива Македонија ако прифатиме приватен инвеститор? Пред сѐ цената на топлинската енергија е само 40 отсто во однос на топлинската енергија произведена во котелските постројки. Пример се топлификацискиот систем во Скопје и цената на топлинската енергија купена од ТЕ-ТО. Во постројката ќе бидат вработени граѓани на Македонија. Дел од потребите на системот ќе ги сервисираат македонски компании. Овие постројки и инсталации ќе бидат сопственост на фирмата инвеститор, која ќе остварува профит со продажбата на електрична енергија. Дали треба да се прифати тие да инвестираат во Македонија за изградба на когенеративни постројки и инсталации за дистрибуција на природен гас? Мојот став е ДА, затоа што во овој период од десетина години, македонскиот буџет не може да ги покрие сите потребни инвестиции прикажани во стратегиските документи. Не треба да се чекаат 10 или повеќе години за да дојде на ред изградбата на овие инсталации и за да имаат можност потрошувачите да ги користат придобивките од когенерацијата и пристапот до природен гас, поради финансиската инсуфициенција на Македонија. Мора итно да се инвестира во нови енергетски постројки што ќе користат природен гас, за да се обезбеди потребното базно производство на електрична енергија. И да се оправда инвестицијата во гасоводот. Ако нема проток на гас низ него, ако нема корисници, тоа би претставувало комплетна загуба т.е. фрлени општествени пари во воздух.
Изградбата на ветерни централи е стратегиска цел на Македонија; предвидено е да се изградат со капацитет од над 700 мегавати. Досега ЕСМ изгради ветрен парк во Богданци со капацитет од 36,8 мегавати и во изградба е негово заокружување со дополнителни 13,6 мегавати. Од студија за изводливост до влегување во редовна употреба поминаа 5,5 години. Во меѓувреме, по 2017 година, се доделија лиценци за изградба на ветерни централи на три приватни компании („ТХОР импекс“, ПЕРУМ ДОО, „КАЛТУН енерџи ДОО“). Изградени или во завршна фаза на изградба се нивните 110 мегавати. Македонија (ЕСМ) има обврска да ја откупува произведената енергија од овие компании 20 години со фиксна цена од 89 евра/мегават. А цената на електричната енергија на берзата е значително пониска најголем дел од времето (Слика бр. 2) под црвената рецкава линија:
Сведоци сме на влез на нова приватна инвестиција од инвестицискиот фонд „Алкараз енерџи“, со проценета вредност од 500 милиони евра, капацитет од 400 мегавати, 55 ветерни турбини од седум мегавати. За разлика од претходно со изградени/во изградба 110 мегавати приватни постројки, голема предност е дека Македонија нема обврска да ја откупува електричната енергија со фиксна цена. Според тоа, вкупниот капацитет на ветерните паркови (изградени/во градба) е 560 мегавати, а со стратегијата е предвидено да се изградат 713. За да се реализира предвидувањето треба да се изградат уште 150 мегавати ветерни паркови, но никој не нѐ ограничува да се зголеми тој капацитет. Со напредокот на технологијата на производство на ветерни турбини, се зголемува нивниот единечен капацитет, со што се овозможува денес, на иста локација, да се произведе двојно количество енергија. Да имавме доволно пари, најдобро е сами да си ја изградиме, ама немаме. Дали да чекаме 10-15 години да собереме пари, да почнеме со инвестирање (уште пет-шест години процес на изградба)? А имаме сериозна обврска да ја смалиме емисијата на јаглерод диоксид за 82 отсто до 2050 година! Ако сега се изгради овој ветерен парк, додека да присобереме пари за инвестирање во сопствените ветерни централи, сепак државата има значителни придобивки. Покрај комуналната такса за користење на земјата, раст на БНД, изградбата на потребните патишта, ангажирање наши компании во делот на поставување и одржување на системот, пет-шест милиони евра годишно прилив кон МЕПСО за ангажирање на преносниот систем и една многу голема придобивка, барем за мене, претставува ангажирањето на македонските институции при проектирањето на овие системи (Електротехничкиот и Машинскиот факултет и други компании).
Сериозен проблем претставува ограничениот капацитет на преносниот систем. Истовремено се изградени/се градат нови производни капацитети, а недоволно брзо се инвестира во преносните системи (барем, според мене, можеби сум недоволно информиран?). Во овој случај, олеснителна околност е што не се совпаѓа максималното производство на енергија од ветерните и сончевите централи. Тие се „фазно“ поместени и не го преоптоваруваат преносниот систем што е прикажано на сликата бр. 3.
Сончевата енергија максимално се произведува во летниот период и од 7 до 17 часот. Ако внимателно се погледне сликата, ќе се забележи дека се испорачува електрична енергија од сончеви колектори и по 19 часот – тоа значи дека во системот веќе има батерии што им ја подобруваат финансиската состојба на поединечни производители – видете ја сликата бр. 2 и споредете ја цената на енергијата во 17 и во 19 часот.
Во делот на изградба на ФВ сончеви централи, Македонија (преку ЕСМ) има во функција 10 мегавати капацитет, а во фаза на градба или тендер за изградба (до крај на 2027) дополнителни 100 мегавати. Остварува финансиска придобивка од 20 отсто од профитот на 70 мегавати преку JПП со компанијата „Фортис енерџи“ (локација Осломеј). Оваа енергија влијае на намалување на цената на електричната енергија што ја плаќаат потрошувачите.
Од друга страна, на територијата на Македонија до крајот на 2024 година, приватните компании ставија во функција околу 800 мегавати сончеви централи. Во 2023 и 2024 година се издадени лиценци за изградба на сончеви централи (дел од нив се во фаза на изградба) со капацитет од околу 670 мегавати. Не е јасна состојбата (барем за мене) со големиот проект од 400 мегавати на „Стипион солар/Акуо енерџи/Остро солар“ (Франција).
Тргнувајќи од сегашната состојба на 1.000 мегавати изградени постројки и тие што набргу ќе станат функционални, надминати се предвидувањата во нашите стратегиски документи за изградба на 1.357 мегавати. Изградените сончеви централи не придонесуваат директно во формирањето/намалувањето на цената на електричната енергија за потрошувачите. Нивниот производ, електрична енергија, се продава на берзата со цени што се менуваат секој час на дневно ниво, како што може да се види од сликата бр. 2. Кога е максималното производство, цената е блиску до „0“ (нула) или дури и негативна.
На дијаграмот на сликата бр. 4 е прикажан односот меѓу дневната потребна потрошена електрична енергија на ниво на електроенергетскиот систем на Македонија и количеството произведена електрична енергија со сончеви централи за еден зимски и летен ден.
За да не се извлече погрешен заклучок, вредностите на произведената ФВ енергија се 10 пати помали (десната ордината 0-200 мв/ч) додека конзумот на електрична енергија е на левата ордината 0-2.000 мв/ч. Така се прикажани на дијаграмот за да се добие визуелна слика дека сончевата енергија е на располагање во кус временски период преку денот. Се произведува многу во летниот период, кога имаме речиси трипати помала потрошувачка на енергија (сината линија).
Дали да се престане со инвестирање во сончеви централи? Оваа форма на енергија има многу незгодни карактеристики. Таа е од сезонски тип, непредвидлива, не можеш однапред да го планираш производството и е подложна на многу брзи промени. Еден облак – и се преполовува производството. Некој треба да го балансира тоа. А тоа чини пари. Преку денот постигнува врвни оптоварувања неколку часа, а потоа смалено или никакво производство преку денот. Верувам дека и ова е една од причините што во Стратегиите за развој на енергетиката се предвидени капацитетите од 1.300 мегавати.
Дали треба широко да ги отвориме вратите за влез на инвеститори во Македонија за изградба на сончеви централи со големи капацитети? Треба да бидеме многу внимателни. Придобивките од овие приватни инвестиции се релативно мали и не влијаат забележливо на цената на електричната енергијата, а го преоптоваруваат преносниот систем во периодите на своето максимално производство. Затоа, оптимално е ЕСМ забрзано да инвестира во изградба на сопствени постројки. Целата полза ќе се прелее во формирање на цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија. Бидејќи имаме недостиг од сопствено производство на електрична енергија, во периодите на високо производство, вредноста на сончевата енергијата во нашиот систем не е нула (како на берзата) и ЕСМ нема да има потреба да купува енергија за да ја испорача со депресирана цена до ЕВН.
Продолжува


