Фото: Маја Јаневска-Илиева

ОДБОЈКА

Одбојкарскиот Куп на Македонија за сезоната 2025/2026 ќе почне во февруари, со натпреварите во претколото на 4 февруари, со кои ќе биде дефиниран изгледот на осминафиналната фаза во женска конкуренција и четвртфиналните двојки кај мажите. Кај одбојкарите, првите четири екипи во првенството, Штип УГД, Струмица 47/72, Работнички 71/22 и ГОК Борец обезбедија директен пласман во четврт-финалето. Двојки за претколото: Универзитет во Тетово – Јанта Волеј, Сушево – Скопје, Лирија – Весна Пробиштип и Шкендија – Македонија џио. Се игра во еден добиен меч на теренот на подобропласираната екипа. Двојките за четврт-финалето ќе бидат одредени со полудиригирана ждрепка. Екипите ќе бидат поделени во две групи според пласманот во есенскиот дел на сезоната. Четврт-финалето ќе се игра во еден меч на теренот на подобропласираните.
Во женска конкуренција клубовите од Втората лига ќе се соочат меѓусебно во претколото, а екипите од Првата лига имаат директен пласман во осминафиналето. Двојки: Фламинго волеј – Шкупи, Вардар жени – Универзитет во Тетово, Форца волеј ЕМА – Бами Кор, Јанта Волеј БУТ – Виола волеј, Ново Село – Куманово и Борец – Виктори волеј. Се игра во еден добиен меч на теренот на подоброрангираниот тим. Осминафиналето ќе биде дефинирано според пласманот во есенскиот дел и ќе се игра во еден добиен меч на терен на подобриот, информираат од Одбојкарската федерација на Македонија. Г.И.