Драги деца, денеска почнува јули – најлетниот месец. Како вие го минувате летниот распуст? Дали веќе се одморивте од училишните обврски и почнавте по малку и да ги читате лектирите ? Еве, ние ви предлагаме да ни испраќате песни, цртежи, раскази и репортажи од вашите летни доживувања и авантури сѐ до крајот на летото. А ние ќе ги избереме најдобрите три и ќе ги наградиме со книги. Прифаќате? Тогаш, ве чекаме со нетрпение, за вашата креативност не се сомневаме.

Вашите творби испратете ги на мејлот: [email protected] до 15 август.
„Колибри“ ви посакува среќно и инспиративно лето!