Фотовест

Учениците од ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево, на многу интересен начин го одбележаа Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Тие со својата акција на подарување покажаа дека секоја жена заслужува почит и внимание без разлика на нејзината возраст, работна позиција или улога во семејството и во општеството.
Со претходно изработените подароци и честитки со помош на нивните наставници и нивните родители, тие тргнаа низ улиците на Кичево, подарувајќи им не само подарок туку и насмевки и убави зборови на многу нивни сограѓанки, мајки, стрини, тетки, баби, продавачки, шатерски работнички, земјоделки, учителки, пекарки…
Овој гест на учениците барем за миг им ги стопли срцата на сите кичевчанки!

Ф.Д.